03:29 - 7 април, 2026

(ФОТО) СЀ E СТОКМЕНО ДО ПЕРФЕКЦИЈА ВО ДВОРОТ НА ИВАНА КУЗМАНОВСКА МОМИРОСКА: По дворот се познава какви луѓе живеат внатре

Денес разговараме со една голема креативка, по професија фризерка, Ивана Кузмановска Момироска.

фото-приватна архива

Со одгледување на цвеќиња се занимава, како што вели, откако знае за себе, отсекогаш сакала убав, среден двор со убави цвеќиња и дрвја. А, има посебна дарба за декорирање, украсување. Во секој агол од нејзиниот двор дише беспрекорен стил.

– За нашиот двор и уредувањето дома сум одговорна јас, како и секогаш. Како што се вели, по дворот се познава какви луѓе живеат внатре, вели оваа шармантна дама.

Дворот се протега на речиси 200 квадратни метри, а се наоѓа во скопската населба Козле.

– Кога ќе застанеш во дворот и ја погледнеш глетката која ја има од сите страни, исто како да го имаш најголемиот двор во светот, покрај таква глетка, гледајќи го цело Скопје на дланка, дворот изгледа како да нема крај, низ насмевка додава Ивана.

Во овој бајковит двор, доминираат цвеќињата кои имаат посебни бои, а цветаат цело време за нашата креативка да ужива во глетката.

– Мојот двор бара многу посветеност, но никогаш не ми претставува потешкотија додека го уредувам, просто се заборавам колку часа сум во дворот, без да влезам внатре, дома, вели Ивана.

Инаку, таа нема оmилено цвеќе зашто смета дека сите цвеќиња се посебни на свој начин, но сепак, ако треба да избере – е тоа кое нејзината ќерка обожава да го наводнува заедно со неа.

Следува градинарскиот совет до оние кои сакаат допрва да се занимаваат со одгледување на цвеќе.

– Да започнат со боите кои им се омилени на цвеќиња, кои ќе им го разубават утрото, денот, ноќта, едноставно кажано, уредувајте го дворот и создадете рај во кој секојдневно ќе уживате, заклучува нашата креативка.

А за тоа колку е кративна, доказ се нејзините уникатни дела.

фото- приватна архива

 

Инаку, Ивана Кузмановска Момироска е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА. 

ФОТО- ПРИВАТНА АРХИВА 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....