6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Највкусниот домашен ајвар по рецепт на баба

Сезоната на зимници е во тек. А на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни предлага да си подговиме највкусен домашен ајвар по рецепт на баба. 
– Омилена зимница во сечиј дом е домашниот ајвар, посебно кога е приготвен по рецепт на баба. Без сомнение, ќе ве израдува со неговиот вкус, а посебно во комбинација со овчо сирење и маслинки, препорачува шеф Бранко.
Потребни состојки:
  • 8 килограми црвени пиперки
  • 3 големи модри патлиџани
  • 380 милилитри масло
  • 1 голема лажица шеќер
  • Сол (по вкус)

Начин на подготовка:

Испечете ги пиперките, внимавајте да не ги изгорите, па потоа излупете им ја кората и исчистете ги семките (за побрзо да се лупат, ставете ги после печење во најлонска кеса). Откако ќе ги излупите, оставете ги да се оладат, а потоа ставете ги на цедилка околу час , два со цел убаво да се исцеди водата од нив.
Додека се цедат пиперките, испечете ги и модрите патлиџаните, па излупете ги и нив и исцедете ги. Потоа, ставете ги пиперките и модрите патлиџаните во апарат за мелење месо или пак специјална мелница за пиперки, и добиената смеса ставете ја во голем лонец или народски кажано шерпа. Почнете полека да варите.
Смесата мешајте ја што повеќе со дрвена лажица, а за време на варењето постепено додавајте масло, по 80 милилитри на секои 20 минути. Додека се подготвува ајварот, мешајте убаво и внимавајте маслото да не излезе на површина. На околу 20-тина минути пред крајот од варењето, додајте ја и солта и шеќерот. Доколку сакате да знаете дали ајварот е готов, поминете со лажица по дното – ако таа остава зад себе траги во која можете да го видите самото дно, тогаш ајварот е готов.
Теглите убаво измијте ги и ставете ги во печна на 50 степени. Полека почнете да полните додека се топли.
Откако ќе ги наполните, на врвот од секоја тегла додајте малку масло и добро затворете ги со капак. Држете ги сите на едно место, прекриени со крпа. Откако ќе помине еден ден, однесете ги на ладно и темно место.
ФОТО- ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....