4.8 C
Скопје
10:13 - 26 декември, 2024

(ФОТО+РАЗГОВОР) МАРТИН НАЈДОВСКИ, БИЛКАР: 95% од болестите можат да се решат со билки, луѓето не се свесни дека секој лек можат да го најдат за без пари и тоа, тука, во Македонија!

Мартин Најдовски од Велес е сертифициран билкар/хербалист, а треварството му е наследно од неговата тетка Љиљана Јовиќ – Гроздина која била најпозната треварка во Македонија. За Мартин, како што вели, чест е и благослов што е нејзин наследник.

Треварството е дел од неговата фамилија, знаењето на билките кружи во неговата фамилија, па така, логично е што и Мартин тргнал по тој пат. Со билките е уште од мал, заедно со неговите баби оделе и ги береле лековитите треви, а потоа изработувале лековити препарати од истите.

фото – приватна архива

Колку во современото општество билкарите се популарни?

– Искрено, мал број на луѓе се бават со фитотерапија, односно билкарство, и баш ми е жал за тоа, верувам дека кога сите би ги знаеле благодетите на природата и кога би знаеле дека секој лек можат да го најдат за без пари, а не за пет пари, мислам дека светот би бил многу подобро место.

Кои билки се најбарани?

– Најбарани се оние популарните кои поголемиот број на луѓе ги знаат, од типот на ајдучка трева, коприва, мајчина душица, бозелот е исто така доста баран, а и во последно време, забележувамдека и виракот (уште позната како Бисерок, Лавовска нога) е доста барана од страна на женската популација.

Од каде се снабдуваш со билки? По кои билки, според тебе, е препознатлива македонската почва?

– Билките ги берам јас. Некогаш понесувам и берачи со мене. Одам по планини и ридови, едноставно одам и да се рекреирам, но и да ја завршам мојата обврска со снабднување на билки.  Македонската почва има изобилство од билки кои се лековити, имаме и билки коидопрва се откриваат секојдневно, а кријат многу за својата лековитост, но пак ке речам имаме премногу треви, штета што само луѓето не сакаат да дознаат повеќе за тревите на нашето македонско поднебје, најлесно е да појдеш во билна аптека и да ги набавиш. Ги имаме најквалитетните билки, по кои дури од странство доаѓаат луѓе и ги увезуваат во други држави.

Како се препознаваат лековитите билки?

– Лековити билки е широк поим. Во лековити билки спаѓаат и отровните билки кои без разлика што се отровни, во одредени и точни дозирања се и лековити, но за нив не сакам да зборувам бидејќи луѓето се нетрпеливи и сакаат секогаш да земат повеќе, а со тоа земање на поголема доза не се свесни дека се поблиску до смртта.

Ги знам темелно отровните, но не зборувам за нив. Општо за препознавање на билките потребни се добри анализи, добра литература и добар учител. Се учи во природа на местото каде што е билката, се анализира стеблото (четириаголно, округло итн..), листот, цветот, а потоа се проучува нејзината лековитост.

Дали постојат одредени болести или состојби кои најдобро може да се решат со хербални препарати или чаеви?

– Сите болести се лечат со билките, секако со исклучоци во некои случаеви каде што навистина треба хирушки зафат. Зарем нашите стари имале доктори во старо време и ги посетувале секогаш кога им било потребно..Бабите биле доктори, тие ги користеле тревите за лечење на најразлични заболувања, пак ќе кажам бидејќи сме во цивилизирано време за некои зафати хирушки треба интервенција, но за 95% од болестите можат да се решат со соодветна и погодена терапија за тоа заболување.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Како доаѓаш до рецепти за мешавини од билки кои помагаат во одредена здравствена ситуација?

– Рецептите за најразлични комбинации се исто како што и шефот во кујната знае што со што оди, и што да комбинира. Треба личноста да е добар познавач и на хемискиот состав на билките бидејќи фармакогностичкиот аспект е исто многу важен, секоја билка не секогаш оди во комбинација една со друга. Повеќето од рецептите се мои,  а и некои од наследените од моите стари ги имам запишано во мојата книга „Даровите на големата мајка Природа” која изобилува со рецепти и лековити билки, таа е вистинска збирка за љубителите на прородата и оние кои сакаат да дознаат повеќе.

Се стремам на лечење со стари и традиционални методи, со стари заборавени лекови. Моите рецепти во книгата се издвојуваат од другите по тоа што се стари, и е опфатено знаење кое се ширело по селата.

Канцерот, за жал, е болест на 21. век. Постојат ли лековити билки кои можат да придонесат за превенција или стопирање на болеста?

– Канцерот е широка тематика и има многу да се зборува за тоа. Пред сè, многу е важна исхраната, битна е и надежта кај пациентот и упорноста.

Старите рекле „клин со клин се избива”, а тоа значи дека канцерот многу често се лечи со посилни билки или, со други зборови, со отровните билки кои допринесуваат за уништување на малигните клетки, стопирање на канцерот и негово лечење.

Такви се русата трева, сладок пелин, нискиот бозел, семките од горка кајсија и така натаму. Лечењето со петролеј или гасије е доста ефективен метод за комплетно лечење на овој проблем, што дури и докторите веќе почнуваат да го спроведуваат како лек. Во Германија има и цела болница отворена за лечење на онколошки болести само со петролеј. Да не ги заборавиме и пчелните производи, како тревар и пчелар би ги препорачал и прополисот како најсилен лек на 21 век, за стопирање на метастазите и негово разјадување. Треба да се фати на време и секако да се има упорност и надеж.

Во денешно време сè повеќе луѓе се соочуваат со депресии и анксиозност, што би препорачал?

– Доста зборувана тема, и секогаш велам, дека никогаш не смеат луѓето да користат напоредно алтернативна со класична за овој проблем. Билките делуваат на нервите и на срцето, на смирување, апчињата исто така, луѓето не се свесни дека прво може да се појави брадикардија ( да се намали срцевиот ритам), пад на притисокот, па и смрт во некои случаеви.

Користете едно или друго, или билки или апчиња, двете заедно никако!

Едноставната разлика е тоа што апчињата делуваат само за одреден период, додека билките делуваат за решавање на депресијата и анксиозноста и сите други нервни заболувања засекогаш со тоа што го стимулираат хормонот за среќа (серотонин) да се лачи во поголеми количини, а со тоа особата станува среќна и ја надминува таа фаза во животот.

Такви билки се жолтиот кантарион, богородичното нане, хмељ, цвет лаванда, босилек, маточина, вранилова трева (позната уште и како диво оригано или риган) и многу други.

За крај, постои ли билка за среќа, за подобро расположение?

– Чајот од шипинка во комбинација со жолт кантарион. Се мешаат во еднакви делови (50 грама кантарион со 50 грама шипинка) потоа 2 супени лажици се попаруваат со 500мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин потоа се цеди и се пие по 2 шољи на ден, 250мл насабајле и 250мл навечер, 30 мин пред јадење на гладно. Чајот се пие 2 недели потоа пауза од 1 недела и повторно. Не смеат да го земаат луѓе кои користат антибиотик или некои други антидепресиви или лекарства. Шипинката бидејќи изобилува со минерали и витамини дава енергија и го поткрева човечкиот организам, дава сила и моќ, додека жолтиот кантарион или уште познат како ѕуника, тантур, навачиче делува на лачењето на хормонот за среќа, со тоа што овозможува да се осеќаме радосни, задоволни и исполнети.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Рампата беше спуштена, само рекоа…“: Гога раскажа сè за синоќешното приведување на границата со Хрватска

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го честиташе Божиќ: Ѕирнете во празничната идила во домот на пејачката!

Еспресо

Хороскоп за 26 декември: Скорпијата ќе добие нова шанса, Лавот ќе доби одлични вести од странство

Еспресо

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо
Се вчитува....