1.8 C
Скопје
07:03 - 15 март, 2026

(Фото) Елена Ристеска го покажа згодното тело во кратко фустанче на настап во Скопје

Обожавателите на Елена Ристеска во петокот имаа можност да уживаат на нејзиниот концерт во еден скопски ноќен клуб, каде по подолго време настапи во живо.

Таа ги испеа своите најголеми хитови, кои ја одбележаа нејзината дводецениска кариера, и на публиката ѝ приреди одлична забава.

„Прекрасна и емотивна вечер. Ви благодарам за преубавата атмосфера. До следниот пат…“, напиша таа на својот инстаграм-профил, споделувајќи ги своите впечатоци од настапот.

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Ристеска важи за една од најубавите жени на македонската естрада, која и ден-денес восхитува со својата совршена појава.

Стилистката Теа Клинчарова се погрижи за нејзиниот изглед – кратко и светкаво фустанче, искомбинирано со црни високи потпетици.

Што се однесува до шминката и фризурата, за нив се погрижи нејзиниот долгогодишен соработник Даниел Николовски.

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

(Фото) Елена Ристеска: Си поминав грандиозно во Сараево, но ми фалеше Давор

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....