-2.2 C
Скопје
19:46 - 22 декември, 2024

Зимата ја закочи реконструкцијата на улиците во Скопје

На повеќе локации истовремено, изминатиов период се одвиваат градежни работи за изградба и реконструкција на повеќе улици и булевари. Екипата на „Слободен печат“ излезе во обиколка на градот, со цел на читателите да им даде реален приказ на динамиката со која се вршат градежните работи.

Од тоа што можевме да го забележиме, во моментов градежни работи се извршуваат на булеварите Христијан Тодоровски Карпош, Босна и Херцеговина, Никола Карев, а се реконструира и дел од улицата Борис Сарафов.  Од пред неколку дена започнаа и подготвителните работи за изградба на нов мост што ќе ги поврзува булеварите „Васко Карангелески” во Аеродром и ул.„Индустриска” во населбата Ќерамидница во Општина Гази Баба. 
– Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а се предвидува да се заврши во рок од 550 дена, информираат од Градот.
Кога да очекуваме конечна реализација на започнатите градежни активности прашавме во Град Скопје, од каде што ни одговорија дека поради зимскиот период дел од градежните работи биле ставени во мирување и дека наредниов период, оние проекти кои беа во финална фаза ќе бидат завршени со финално асфалтирање во моментот кога временските услови ќе бидат поволни за тоа.
– Во моментов се работи на втора фаза од проектот за пробивање и изградба на булевар Христијан Тодоровски Карпош, од улицата Натанаил Кучевишки до обиколница. Изведувач на градежните работи е „Пелагонија АД“ – Гостивар, договорот е во вредност од 125.460.081 денари и истиот треба да биде завршен годинава, додека пак, 150 милиони денари чини изградбата на булеварот Босна и Херцеговина, од крстосницата со булевар Словенија до раскрсницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“. И овој проект треба да биде завршен годинава, велат од Град Скопје.
Булевар Босна и херцеговина
Од таму додаваат дека во завршна фаза е првата фаза од проектот за изградба на булевар АСНОМ.
– Првата фаза од проектот за изградба на булевар АСНОМ, каде се проширува булеварот од крстосницата со бул. Србија до улица Васко Карангелески (Хотел Русија) е во завршна фаза, а за неа Град Скопје ќе потроши околу 50,6 милиони денари, додека за проширувањето на булевар Никола Карев ( Пластичарска улица), се предвидени 74.306.818 денари, а согласно договорот рокот за изведба е 6 месеци, велат од Градот и додаваат дека реконструкцијата на дел од улицата Борис Сарафов, со изградба на канализационен систем е во завршна фаза, и за овој овој проект ќе бидат потрешени 36.680.494 денари.
Булевар АСНОМ
Булевар „Никола Карев“
Улица Борис Сарафов
Покрај ланските проекти, неодамна Градот започна со реконструкција и на нови булевари.
– Се реконструира втората фаза од улицата Индира Ганди во Шуто Оризари, во должина од 800 метри, од улицата Бутелски венец до улицата Нов живот. Инвестицијата на Градот Скопје во овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари со ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена, односно треба да заврши во текот на месец април. Покрај тоа, се гради нов кружен тек во Чаир, меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, каде во зависност од времените услови, истиот треба да биде готов во мај месец. Целата инвестиција на Град Скопје во овој проект е околу 19 милиони денари, велат за Слободен печат од Град Скопје.

 

The post Зимата ја закочи реконструкцијата на улиците во Скопје appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....