3.8 C
Скопје
17:35 - 19 декември, 2024

Зибери: Заев и Мицкоски немаат право да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада, да се почитува начелото победник со победник (ВИДЕО)

Како прв приоритет го издвоивме прашањето на соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план. Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка, туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата, истакна во своето гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ, предлог мандатарот на ДУИ, Насер Зибери.

– Предвидуваме минималната плата на медицинскиот кадар со средно образование да не биде под 600 евра. Да ги зајакнеме капацитетите на примарното здравство, за помал продор во секундарното и терцијалното здравство. Брза реалокација на средства од Буџетот. Во ребалансот освен ова мора да оди реалокација и во стопанството каде е најпотребно. Брзо враќање на ДДВ кај приватните оператори, да не се чека туку најкасно за 30 дена да им се вратат средствата. Предвидуваме Буџетот да ги алиментира сите барања на приватните оператори кон јавниот сектор – рече Зибери говорејќи за нивните програмски цели и планови доколку формираат влада.

Борба против криминалот и корупцијата, враќање на довербата во судството

Зибери нагласи дека сакаат веднаш да се постават правци кои ќе ја вратат довербата во правниот сектор, а како прв почеток, посочи, ни е справување со криминалот и корупцијата.

– Мора да создаваме перцепција кај граѓаните дека сегашната перцепција кон носителите на јавни функции не е иста кај сите. Не сите работат за лични интереси туку е професија за која доброволно се нафатиле. Тој процес ќе почне од правосудството, носителите на јавни функции од влада до пратеници и директори на јавни установи и тој процес сметам дека може да ја поправи сликата за носителите на јавни функции. Се има впечаток дека судството често пати своите одлуки ги носи од политички или етнички аспект. Мора судството како трета власт да функционира независно и граѓанинот да има доверба дека кога ќе чукне на вратата на судот, ќе се почитува словото на законот. Тука зборуваме и за воведување на еден посебен суд кој ќе ги преиспитува одлуките за кои засегнатите странки смета дека од политички или етнички побуди се мотивирани одлуките – рече Зибери.

Тој посочи и дека предвидуваат низа мерки за малите и средните претпријатија со грантови и кредити. Зборуваме за неколку мерки кои во моментов се потребни.

– Мојата програма е комбинација, дел од прашањата кои јас сметам дека се неопходни и дел од прашањата кои ДУИ смета дека се во интерес на остварување на партиската програма, за граѓаните. Програмата може да загрози функционери на ДУИ доколку навистина има елементи. Никој нема да биде поштеден. Мислам дека враќањето на довербата во владеењето на правото е услов за одење напред. Ние сме на прагот на отворање на преговорите. Тоа се првите начела за отворање на преговорите. Не велам дека кај ДУИ нема да има личности кои можат да бидат отпорни. Владеењето на правото е приоритет без кој не може да се оди напред, изјави Насер Зибери, кандидат за премиер од редовите на ДУИ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Хармонични меѓуетнички односи

Во поглед на меѓуетничките односи во земјава, Зибери истакна:

– Моја политичка визија за иднината е градење на хармонични меѓуетнички односи, создавање на меѓуетничка доверба и простор каде секој ќе се чувствува рамноправен заради внатрешната безбедност, а во исто време градење на надворешна политика која ќе не зближи кон вредностите кон кои претендираме, односно НАТО и ЕУ. Ова се приоритети без кои не може да се оди напред.

Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство како постулати за напредокот на земјата

Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство не смеат да се занемарат, нагласи Зибери. Тие се темел за напредокот на земјата и евентуалното враќање и повторно отворање на овие процеси би биле ретроградни и нема простор за преговори со овие прашања.

– Мора под итно да почнат преговорите за состав на влада, да се најде заедничка платформа и да се создаде парламентарно мнозинство и да се увери претседателот на државата дека одредените политички субјекти може да бараат мандат. На овој план господинот Ахмети е особено посветен за изборните резултати да се валоризираат и земјата да добие институции кои ќе може да се носат со предизвиците. Секој од субјектите кои ќе се најдат во определбите кои ги напоменав, е добредојден. Сакаме да продолжи соработката за градење перспектива. Ние не исклучуваме ниту еден субјект – рече Зибери.

Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар

Господинот Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар. Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори но неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, многу носители на јавни функции…господинот Ахмети смета дека државата треба да ги руши последните етнички бариери, а тоа ќе ги зајакне внатрешните капацитети и државата ќе докаже дека секоја функција е еднакво достапна за секој.

За нас не е најважно дали ДУИ ќе биде дел од идната коалиција. За нас е важно дали ќе се валоризираат политичките определби за тоа што е наша аспирација. Има еден џентлменски договор меѓу партиите Алијанса/Алтернатива, ДУИ и останатите дека оној што ќе добие макар еден глас повеќе, а не мандат, ќе се помири со фактот дека ги изгубил изборите и дека нема да чека на ред кој мандатар која партија ќе ја покнани на преговори за составување на идната влада. На тој план политичките партии на Албанците имаат еден консензус. Дали ќе опстанат не можам да гарантирам, но секако свесни се за реперкусиите и политичката перспектива која може да им се случи доколку без легитимитет бидат носители на извршната власт, а ДУИ ја потиснат во опозиција. Можноста од преземање на пратеници од лево кон десно или десно кон лево, мислам дека би било најлошата услуга која може да ѝ се случи на државата. Треба да се испочитува волјата на граѓанинот и нема право ни Заев, ни Мицкоски, ни Ахмети да тргува. Нема право да бараат Заев и Мицкоски пратеник повеќе за да може да формира влада. Треба да се почитува и начелото победник со победник.

Ниту една политичка партија во албанскиот електорат не може да биде против евроатлантските перспективи на земјата. ДУИ како политичка партија е спремна да преговара и со останатите опозициски албански партии за да се создаде еден фронт кој ќе биде гаранција или поддршка за вредностите за кои се залагаме. Ако треба и активно да учествуваат во парламентарното мнозинство. Не е најважно кој ќе излезе, кој ќе влезе во идната владина коалиција туку дали можеме врз основа на исти вредности да гарантираме остварување на истите определби. Од друга страна, не може да се спори фактот дека ДУИ има повеќе мандати од Алијанса/Алтернатива, дека има поддршка на цела територија, дека во секоја изборна единица има најмногу мандати. ДУИ по сите критериуми е апсолутен победник во однос на сите други албански партии.

Јас не сум располагал со сите информации со кои располага господинот Ахмети и моите изјави биле такви какви што ми биле информациите. Но поважно е дека јас држам критички став и кон ДУИ и кон другите партии кога сметам дека одредена одлука не е во интерес на јавноста и граѓаните. Еден од условите јас да ја прифатам кандидатурата во разговорите со Ахмети беа дека јас не сум член на ДУИ, дека јас имам свој став и деа тој може да биде различен од ставовите на ДУИ. Сакам да имам автономија за прашања за кои сметам дека поинаку треба да се постапува. И тој став е испочитуван од господинот Ахмети. Во иднина и кон СДСМ и кон ВМРО и кон секој чинител кој има релевантно учество во политиките, ќе имам ист став. Мојата кандидатура беше донесена откако беа разрешени прашањата на мојата автономија и дилеми за кои разговараме. Дека мојата автономија ќе биде запазена, дека партиски нема да бидам обоен и дека ќе може после изборите да се преговара на рамноправни основи да се изгради заедничка платформа.

 

The post Зибери: Заев и Мицкоски немаат право да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада, да се почитува начелото победник со победник (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Зибери: Заев и Мицкоски немаат право да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада, да се почитува начелото победник со победник (ВИДЕО) was first posted on јули 20, 2020 at 10:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....