7.8 C
Скопје
16:58 - 18 декември, 2024

Жичана ограда на границата на Србија со Северна Македонија

На границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почна поставување  жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.

Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договорот со ЕУ.

– Мислиме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи.

Тој смета, гледано од тој аспект, дека оградата индиректно придонесува во процесот на евроинтеграција, но со целосно разбирање и почитување на политичките околности.

– Лично имам сериозно резерви кон таквиот третман на бегалците, рекол Арифи.

РСЕ наведува дека побарале, но не добиле одговор од Европската комисија на прашањето дали се запознаени или консултирани за подигнувањето ограда помеѓу Србија и Северна Македонија.

Повеќе информации засега не откриват ниту од Владата на Србија.

МВР: Од македонска страна на границата не се поставува ограда

The post Жичана ограда на границата на Србија со Северна Македонија appeared first on Слободен печат.


Жичана ограда на границата на Србија со Северна Македонија was first posted on август 18, 2020 at 8:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....