6.8 C
Скопје
06:05 - 18 април, 2024

Пандемијата на милијардерите им донесе уште поголемо богатство, еве колку „тежат“ сега најбогатите Американци

Коронавирусот засега е многу добар кон американските милијардери. За три месеци од почетокот на пандемијата вкупното богатство на американските милијардери нарасна за 20 проценти – и тоа само до средината на јуни, според анализата на Институтот за политички студии и здружението Американци за фер даноци.

Тоталното богатство на 643 американски милијардери порасна во овие три месеци, од 18 март до 17 јуни, од 2,9 билиони на 3,5 билиони долари, односно за 584 милијарди долари.

Исто така, кон клубот на американските милијардери во тој период се приклучија уште 29 дотогашни милиониери. Американскиот институт кој спроведе анализа користел податоци од Форбс, кој долги години води евиденција за најбогатите луѓе на светот и промената во нивното богатство.

Во истите три месеци 45,5 милиони Американци останаа без работа и се пријавија на биро. Само во третата недела во април дури 4,4 милиони Американци се пријавија во Заводот за невработени. Исто така, пишува овој Институт, повеќе од 6,5 билиони долари богатство од американските домаќинства исчезнале во првите три месеци од оваа година.

Милиони Амеиканци поради пандемијата ги загубија своите работни места и дојдоа на работ на егзистенција/ Фото: EPA

„Оргија на богатството“

„Ова е навистина најголем економски шок во САД и на светот во сеќавањето на оние кои денеска се живи. Дојдовме од најниското ниво на невработеност во 50 години до највисоко ниво во речиси 90 години, а тоа го направивме за само два месеци“, изјави во јуни претседателот на Федералните резерви Џерон Х. Пауел.

„Оваа оргија на богатствотo покажува дека нашиот систем фундаментално е погрешно поставен. За три месеци околу 600 милијардери го зголеми своето богатство за многу поголем износ од износот за кој гувернерите велат дека нивните сојузни држави велат дека им треба за да продолжат да даваат услуги за своите 330 милиони жители. Ако оваа пандемија нешто открива, тогаш тоа дека нашето општество стана нееднакво и колку драстично мора да се смени“, коментираше директорот на здружението Американци за фер даноци, Френк Клемент.

„Скок во богатството на милијардерите и профитирањето од пандемијата ја поткопува изедначеноста и солидарноста кои им требаат на американскиот народ за да се опорави и да растат заедно, наместо уште повеќе да се оддалечуваат“, предупреди и Чак Колинс, директор на прогрмата за нееднаквост од Институтот за политички студии.

Бил Гејтс преку неговата Фондација ја финасира делумно вакцината против ковид-19/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Петмина тогаш најбогати американски милијардери – Џеф Безос, Бил Гејтс, Марк Цукерберг, Ворен Бафет и Лери Елисон – го зголемија своето богатство од март до јуни за вкупно 101 милијарди долари.

Во меѓувреме благо се измени американскиот топ 5 на милијардери – намести Елисон, основачот и главниот технолошки директор на софтверско- технолошката компанија Оракл, на петто место се искачи Илон Маск, државјанин на САД, ЈАР и Канада и основач и директор на компанијта за производство на електрични автомобили Теска и компанијата за вселенски патувања СпејсИкс.

Маск ја направи Тесла доминантна и на Земјата и во Вселената/Фото: ЕPA

Маск, за чиј раст на богатството најзаслужен е импресивниот раст на вредноста на Тесла, во еден момент минатиот месец го престигна не само Елисон, туку и славниот инвеститор и филантроп Ворен Бафет. Но Бафет во меѓувреме пак се врати на четвртото место.

Богатството на Маск од март до денес според листата на Форбс Рил Тајм Билионерс, порасна од  24,6 нa 76,7 милијарди долари – за 52 милијарди долари, односно повеќе од тројно Богатството на Бафет порасна замо за 12,1 милијарди долари, од 67,5 на 79,6 милијарди долари.

Но затоа богатството на Марк Цукерберг, коосновач и директор на Фејсбук – компанија која освен истоимената социјална мрежа ја држи Инстаграм – речиси е двојно поголемо. Додека во март беше тежок 54,7 милијарди долари денеска е тежок дури 96 милијарди долари.

Марк Цукерберг/ Фото: EPA

Богатството на Бил Гејтс, коосновачот и директор на Мајкрософт и на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, порасна за 98 милијарди. Иако му остана само околу 1 отсто од акциите на Мајкрософт, бидејќи ги донираше во својата добротворна фондација акциите на овој софтверски гигант во вредност дури од 35,8 милијарди долари, Гејтс и натаму е втор најбогат во светот.

Џеф Безоз на растот на Амазан заработи 76 милијарди долари

А Џеф Безос, основачот и директор на компанијата за онлај трговија и достава Амазон, само го зацврсти своето место на врвот на листата на најбогати во Aмерика и во светот. Богатството му скокна за 113 милијарди долари на 188,7 милијарди, што е скок за 67 проценти.

 

Џеф Безос, најбогатиот во светот/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Тоа и не е посебно изненадување, со оглед на тоа дека на Амазон во текот на пандемијата вредноста на една акција му скокна на рекордни 3.175 долари. Милиони луѓе кои поради ковид-19 останаа заробени во своите домови, посегнаа по неговите услуги така што порачуваа храна, облека и некои артикли за забава.

На Безос, кој и натаму држи 11,1 отсто од акциите во Амазон (четвртина и пренесе на својата сопруга по разводот минатата година), богатството во еден ден, на 11 јули му порасна за 13 милијарди.

Инаку, поранешниот кандидат за американски претседател и сенатор Берни Сандерс неодамна изнесе предлог на закон наречен: „Да ги натераме милијардерите да платат“, според кој милијардерите мора да платат еднократен данок од 60 отсто на „енормно зголемување на богатството“ во текот на пандемијата, односно заработувачка која ја оствариле од 18 март 2020 до 1 јануари 2021 година. Со тие средства – над 731 милијарди долари, според проценките на Сандерс – би се покривале трошоците за лекување на сите Американци во период од година дена.

Безос според овој закон ќе мораше да плати еднократен данок во износ од 42,8 милијарди, Маск 27,5 милијарди, а Цукерберг 22,8 милијарди.

 

The post Пандемијата на милијардерите им донесе уште поголемо богатство, еве колку „тежат“ сега најбогатите Американци appeared first on Слободен печат.


Пандемијата на милијардерите им донесе уште поголемо богатство, еве колку „тежат“ сега најбогатите Американци was first posted on август 18, 2020 at 9:28 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....