Во мигрантскиот центар Липа кај Бихаќ синоќа дојде до судир меѓу стотици мигранти, во кој учествуваше и полицијата.
Според првичните информации, користено е и огнено оружје, а повредени се и неколку лица, пренесуваат босанските медиуми.
Како што наведуваат, конфликтот избувнал околу 22 часот и во него учествувале околу 150 мигранти, како и полицијата, која се обидела да ја смири ситуацијата.
Во мигрантскиот центар денеска состојбата е мирна.
The post Жестока пресметка меѓу мигрантите и полицијата во босанскиот центар Липа, има и повредени appeared first on Слободен печат.
Жестока пресметка меѓу мигрантите и полицијата во босанскиот центар Липа, има и повредени was first posted on август 27, 2020 at 9:20 am.