-2.2 C
Скопје
07:05 - 19 декември, 2024

Земјата за која вратите на СЗО се затворени: Успешна против коронавирусот, но претставува политички „трн“

Тајван е една од ретките земји на светот која успешно го запре ширењето на коронавирусот без драконски мерки. Сепак, вратите на Тајван за СЗО се уште се затворени.

И тоа заради специфичниот однос кој таа земја го има со Кина.

Во сабота телевизијата РТКВ во Хонгконг емитуваше интервју со Брус Ејлвард, помошник на генералниот директор на СЗО, кој разговараше со новинарката Ивон Тонг во видео-повик. Новинарката го прашала дали ќе биде преиспитана одлуката да се дозволи пристап на Тајван во СЗО, а тој рекол дека не ја слушнал добро и да премине на друго прашање.

Кога новинарката повторно го прашала за Тајван, Ејвлард го прекинал видео-повикот. Откако повторно воспоставиле врска, новинарката инсистирала на прашањето за Тајван, а Ејлвард одговорил: „Па за Кина веќе зборувавме“. Изгледа дека и тој го дели ставот со Кина за Тајван, додека Тајван самите себеси се сметаат за независна држава.

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реакцијата на Брус Ејлвард на прашањето за Тајван ја отвори темата за лошите односи кои Тајван ги има со Светската здравствена организација. Членството на СЗО се дава само на земјите членки на Обединетите нации – кои не го признаваат Тајван.

Тоа значи дека Тајван е исклучен од итните состаноци и важните глобални брифинзи на експертите за пандемијата на коронавирусот. Од тука прозлегува дека СЗО статистиките на Тајван ги наведува со кинеските и така ги крати вистинските информации за тој остров.

Тајван гласно се противи кога е исклучен од некое глобално тело и овој пат вели дека тоа е дискриминирачки и нефер.

Овој пат утврди истото, додавајќи дека не треба да биде изоставен во време кога глобалната соработка е потребна повеќе од било кога претходно.

„Се надеваме дека СЗО за време на оваа епидемија ќе сфати дека таа не ги почитува границите на државите и дека ниту едно место на светот не смее да биде изоставено, бидејќи секое такво место може да стане исклучок. Не треба да се занемари допринесувањето на било кое место“, рекол тајванскиот министер за здравство Чен Ши-чанг на неодамнешна конференција за новинари.

Тајван исто така истакна дека извлекле многу лекции за справување со епидемијата на коронавирусот кои би можеле да ги споделат со светот. Островот е познат за своето брзо и одлично справување со својата епидемија, која е релативно контролирана и забележани се многу малку смртни случаи.

Мерките вклучувале драстично смалување на летовите од Кина и наметнување на карантин на патниците уште на почетокот, што експертите велат дека е кулчно за запирање на ширењето во заедницата, како и строгите мерки на надзор на тие што се во карантин.

По интервјуто на Ејлвард, СЗО истакнале дека на прашањето за членството на Тајван не може да одговорат тие. Исто така е соопштено дека СЗО соработува со тајванските здравствени експерти и власти за да се осигура брз проток на информации и размена на најдобри пракси.

The post Земјата за која вратите на СЗО се затворени: Успешна против коронавирусот, но претставува политички „трн“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....