-4.2 C
Скопје
00:37 - 23 декември, 2024

Здружена опозиција на повидок во Парламентот

За Алијанса на Албанците и за Алтернатива, ДУИ претставува олицетворение на се што е лошо за Албанците и за државата. Речиси идентично како што за СДСМ беше ВМРО ДПМНЕ во времето на Груевски. Затоа што и ДУИ е од тоа време. И тоа е разбирливо.

Но зошто сега ДУИ не чини и за ВМРО-ДПМНЕ? Можеби причината треба да се бара во тоа што ДУИ „ги откачи“ за формирање мнозинство.

Толку се разочарани што откако се здружија со СДСМ добија етикета во пакет: „Она што ги обединува коалицијата СДСМ – ДУИ е криминалот, корупцијата и лагите“ велат од партијата на Мицковски. При тоа не наведуваат за кој период од владеењето на ДУИ мислат, дали додека заедно владееја десет години, или во изминативе три, четири години.

Досега челниците на најголемата опозициска партија беа внимателни и воздражни во квалификациите кон ДУИ. Барем до денот кога Мицковски и Ахмети ја имаа последната средба по изборите на која Ахмети отворено му кажа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ е победник во изборната трка и дека со Зоран Заев ќе прави Влада.

Незадоволството оди дотаму што добива и персонален карактер, па не сакаат да гласаат за Талат Џафери за претседател на Собранието, иако беше нивен “фејворит” пратеник од ДУИ додека беа заедно.

Но стана пракса ВМРО- ДПМНЕ да се дистанцира од сите кои на било кој начин го критикуваат лидерот Мицковски или курсот на партијата.

Неподготвеноста пак на коалицијата “ Време е” да влезат во власта со ДУИ, веројатно доаѓа од таму што мислат дека со седнување на иста маса со оние кои ги сметаат за криминалци и корумпирани функционери, би ги поистоветиле со нив, или во најмала рака така би изгледале пред своето гласачко тело. Уверени се дека на тој начин би го изгубиле и личниот кредибилитет, а и гласовите на подржувачите на наредните избори.

Се претпоставува дека затоа и го одбраа патот на опозициско дејствување. Тоа секако е нивно легитимно право на избор.

Но, исто така треба да имаат предвид дека партиите не добиваат мандат од гласачите за тие да бидат вечна опозиција. Смислата на изборниот натпревар е да се стигне до власта, при што не мора секогаш да се биде победник. Ова особено се однесува на партиите на Албанците и на сите останати партии на етничките заедници.

Праксата покажува дека потешко е да се остане во кондиција како опозиционер. Од сите аспекти.
Освен опозицискиот речник на денунцирање на власта, друга алатка за докажување на својата политичка агенда како поуспешна алтернатива, нема.

Генерално просторот за политичко дејствување се стеснува на прес конференции и на користење на собраниската говорница за критики со вокабулар кој низ годините отапува и станува здодевен.
Гласачите кои од вас очекувале нешто практично да направите за да ја оправдате довербата која ви ја дале, губат трпение и бргу ќе се разочараат.

И членовите на партијата кои се вложиле во текот на одреден период во постигнување на одередена цел, очекуваат своевидна сатисфакција и „поврат на политички ДДВ“. Некои од нив можат да станат не резистентни на соодветен „непристоен предлог“ од некоја од владеачките партии и да направат трансфер на клубот.

И на крајот постепено се намалува и буџетот на партијата, толку неопходен за силна политичка кампања како опозиција.

Секако дека некој мора да биде власт, а некој опозиција. Но тоа во Македонија се резервирани места претежно за македонските партии.

Впрочем стана легендарна изјавата на лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бјарам дека Ромите мора секогаш да бидат со власта. Има голема вистина во тоа. Замислете ако една мала етничка заедница заради суетата на лидерот на партијата постојано биде во опозиција. Која политичка сила тогаш ќе се грижи за правата и стандардот на заедницата, без разлика што тоа треба да е обврска на секоја Влада за која сите граѓани се еднакви?

Очигледно дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, која постигна огромен успех на последните парлементарни избори, но која сепак не освои доволно мандати за непречено да формира Влада со СДСМ, се определи за освојување на онаа власт која и преостана, а тоа е локалната. И тоа е разбирливо. Таму допрва има место за мегдан. А тие веќе имаат „ставено нога“ во три општини.

The post Здружена опозиција на повидок во Парламентот appeared first on Слободен печат.


Здружена опозиција на повидок во Парламентот was first posted on август 21, 2020 at 4:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....