-1.2 C
Скопје
09:42 - 23 декември, 2024

Заштитен и Охрид, ама и повеќето дивоградби!

Првичните оценки за тоа дали и колку Охрид се справил со дивоградбите ќе ги даде комисијата на УНЕСКО – под чија заштита е градот – која по една недела ќе го посети „македонскиот Ерусалим“. Во февруари истекува рокот што светската организација му го даде на градот, но и на државата, за да го спречи натамошното урбанистичко и еколошко девастирање на ова подрачје од исклучително културно и историско значење, не само за земјава.

– Македонија е апсолутно подготвена да ја пречека мисијата на УНЕСКО. Оваа Влада ги укина, што беше и препорака на УНЕСКО, штетните проекти претходната – изградба на ски-лифт во Националниот парк Галичица и патот од Охрид до Св. Наум. Речиси 80 отсто од забелешките дадени во јавните расправи се прифатени, вградени се и забелешките што ги даде УНЕСКО и очекувам Владата на првата наредна седница да го усвои Планот за управување со културното и природното наследство, што е една од клучните препораки на Организацијата – тврди за „Слободен печат“ претседателот на Националната комисија на УНЕСКО, Едмонд Адеми.

Но, останува непознато дали тоа што е преземено за да се спречи хаосот во урбанизмот ќе биде доволно за да се спречи Охрид да биде ставен на листата на загрозени подрачја. Првично беше соопштено дека во градот има повеќе од илјади дивоградби од кои четиристотини се во заштитениот појас. По препорака на УНЕСКО, општините Струга, Охрид, Дебарца и Националниот Парк Галичица биле задолжени да достават инвентар на дивоградби до Министерството за транспорт и врски. Во тој инвентар се наведени нелегализираните објекти, нивната намена, дали се наоѓаат во заштитното подрачје и дали некој за нив побарал да бидат легализирани. Проблемот настанал кога Струга не доставила ваков документ.

– Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите – изјави во октомври министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Тој објасни дека со новиот Закон за легализација на дивоградби ќе може да се легализираат само објекти што не ги загрозуваат универзалните вредности на УНЕСКО и кои не влијаат негативно врз животната средина и врз културното наследство.

Неколку познати кафулиња на крајбрежјето есента сами си ги урнаа своите дивоизградени платформи што навлегуваа во езерото. Општината предвиде 25.000 евра за уривање, но тие пари не беа доволни за да се урнат сите објекти. Урната беше и приватна куќа од 130 квадратни метри во фаза на карабина, која се градела без одобрение. Зоран Заев, тогаш како премиер, енергично посочуваше дека со новиот Закон за бесправно изградени објекти, дивоградбите во строго заштитениот појас никогаш нема да бидат легализирани. Без разлика дали се куќи, згради, деловен простор, бетонска база или плажа, ќе мора да заминат во историјата.

Како дел од мерките што се преземени во согласност со барањата на УНЕСКО, во декември почна санацијата на колекторскиот систем во должина на езерото.

– За санација на цевководот се користи најсовремена технологија за чистење без ископ на постојната мрежа. Очекувам до мај годинава да завршат работите. Тоа е уште една препорака што се исполнува – тврди Адеми.

Минатата недела беше формиран меѓудржавен комитет со Албанија за управување со Охридското Езеро. Проектот е финансиран од ЕУ, а се работи со УНДП. Со него реката Сатеска треба да се врати на нејзиниот стар тек за да не се излива во Охридското Езеро.

Експерти на УНЕСКО во декември минатава година заедно со инженери на Јавното претпријатие за државни патишта работеа и ги разгледале и плановите за патот А2, Струга-Требеништа и Струга-Ќафасан.

The post Заштитен и Охрид, ама и повеќето дивоградби! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....