2.8 C
Скопје
11:56 - 23 декември, 2024

Заплената на пет тони кокаин во Венецуела се поврзува со кокаинот лоциран во Македонија

Заплена на повеќе од пет тони кокаин во водите на Аруба, кога се уапсени поморци од Црна Гора, се довеува во врска со заплената на килограмот кокаин во Македонија минатата недела, настан во кој исто така беше уапсен еден Црногорец и тројца Македонци, пишува српски „Блиц“.

Пет тони кокаин кои властите на Аруба ги пронајдоа на 25 јануари кога пресретнаа товарен брод кој пловел под знамето на Камерун, не е конечниот биланс на најголемата заплена во историјата на оваа островска земја, пишуваат тамошните медиуми. Иако на бродот „Ареса“ се пронајдени 5 илјади килограми, се верува дека на пловилото има уште дрога, такашто тоа пловило, долго 95 метри и широко 13 метри, се уште се пребарува.

Mas cu 5000 kilo di droga confisca y 10 Europeo deteni riba barco Aress

Mas cu 5000 kilo di droga confisca y 10 Europeo deteni riba barco Aress

Publiée par 24ora sur Mardi 25 février 2020

Во меѓувреме, медиумите во регионот објавија дека во меѓународна акција се уапсени Андрија Мугоша (30) од Подгорица, Драган Машановиќ (46) од Бар, Никола Маркиќ (29) од Котор, Видоје Латковиќ (42) од Котор, Михаило Ѓорѓевиќ (58) од Котор, Васко Радоњиќ (50) од Котор, Драгољуб Живковиќ (67) и Трипо Вискуповиќ (37) од КОтор. Исто така, наведено е дека во акцијата е приведен и Никола Мартиновиќ (41), државјанин на Србија, иако официјална потврда од српското МНР се уште нема.

Интересно е дека холандски портал исто така објави дека заплената е поврзана со апсењето во Македонија на 20 февруари, кога се приведени четири лица – тројца Македонци и еден државјанин на Црна Гора – поради шверц на килограм кокаин во товар со банани кој допатувал преку пристаништето во Бар.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев тогаш рече на прес-конференцијадека килограмот е дел од поголема количина на дрога која требала да заврши во Македонија, но дека не може да открие повеќе детали за да не ја загрози истрагата. Сега холандскиот портал „Крајмс“ (Crimes) наведува дека станува збор за истата истрага.

За потсетување, на граничниот премин на влезот во Македонија е контролирано возило од марката „ивеко“ со приколка, кое пренесувало банани, зад чиј волан бил Јован К. (31), државјанин на Црна Гора. По формалностите на царината, тој се упатил кон скопското село Крушопек во кое е запленета дрогата и се уапсени уште три лица.

На местото на настанот, во магацинот на фирмата која увезува банани, уапсени се синот и сопственикот на компанијата кој ја примил робата Ј.Е. (21), неговиот татко С.Е. и Р.И (51), работник кој бил задолжен за истовар.

Товарниот брод „Ареса“ испловил под знамето на Камерун од Суринам, а потоа застанал во Венецуела и продолжил кон Грција, која му била крајна дестинација, но е пресретнат во водите на Аруба. Првенствено е пронајден еден тон бел прав, но истрагата на пловилото и понатаму трае. Во акцијата учествувале полиции од повеќе земји.

Црногорската полиција соопшти дека вчера до апсењето дошло благодарение на информациите кои ги овозможиле безбедносните служби на Велика Британија, како и дека бродот е следен по целата рута од моментот кога испловил.

The post Заплената на пет тони кокаин во Венецуела се поврзува со кокаинот лоциран во Македонија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....