12.8 C
Скопје
14:33 - 26 ноември, 2024

Закон има, уште пописот недостига

Министерството за правда останува на стариот Закон за попис доставен од минатиотиот парламентарниот состав. Слободен печат дознава дека Владата до парламентот доставила мислење дека останува на тој закон и наскоро Собранието треба да го пушти во собраниска процедура, односно законот да да го достави до пратениците. Од Министерството за правда за „Слободен печат“ велат дека тој е веќе во собраниска процедура.

– Најавени се измени само во однос на роковите кои треба да се променат преку амандмани. Станува збор за техничко усогласување, односно промена на оние рокови кои беа претходно наведени, велат од Министерството за правда.

И од Собрниетото за „Слободен печат“ потврдија дека до нив  стигнало владино мислење дека Министерстовот останува на стариот закон. Сега на ред е собранискиот спикер Талат Џафери кога ќе одлучи да стартува процедурата.

Во меѓувреме од Државниот завод за статистика потврдуваат дека минатата недела се сретнале со претставници на правда и се договориле Законот за попис што побрзо да влезе во собраниска процедура. Предлог законот кој Минстерството за правда го доставиле е стариот предлог закон, само е со изменети датуми бидејќи пописот треба да се случи догодина. Според директорот на Заводот за статитика, Апостол Симовски дали Законот за попис ќе претрпи и други измени освен техничките се ќе зависи од амандамнската процедура во Собранието.

– Очекуваме до крајот на месецов Законот за попис да биде донесен од пратениците. Имаме обврски кои зависат од носењето на Законот, а кои мораме да ги завршиме до крајот на годинава. Треба да формираме регионални комисии, да направиме јавни набавки, да ја објавиме методологијата во Службен весник, да го отпечатиме материјалот, да се пушти оглас за учесниците во пописот (попишувачи и контролори), затоа ни е потребно за да ги запазиме сите овие процедури. Чекаме процедурата во парламентот да тргне, а што ќе се случува таму не можеме ништо да кажеме. Законот не бара двотретинско мнозинство но идејата е да биде поддржан од сите партии за да нема проблеми при спроведувањето на пописот. Партиите да покажат политичка волја и што побрзо да биде донесен, вели Симовски.

Неодамна минстерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

„Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и дел од коалицискиот договор меѓу Коалицијата Можеме и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада остануваме повторно ќе го предложиме во собраниска процедрура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен, требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС пописот да се спроведе пред локалните избори“, рече Маричиќ.

Министерот за правда, верува дека до крајот на годината закон ќе биде донесен за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.

The post Закон има, уште пописот недостига appeared first on Слободен печат.


Закон има, уште пописот недостига was first posted on октомври 5, 2020 at 12:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....