15.8 C
Скопје
16:18 - 15 мај, 2024

Загубени пасоши, затворени граници, смрт: Ковид-19 стана кошмар за луѓето, покажува финско истражување на сонот

Новиот коронавирус на луѓето буквално стана кошмар за луѓето, покажуваат резултатите од финското истражување за сонот во кое учествувале 4.000 испитани. Тие ги раскажале своите соништа на научниците од Универзитетот во Хелсинки за време на карантинот што беше воведен поради пандемијата на ковид-19 во првиот дел од годината.

Соништа за загубени пасоши, затворени граници, за голем број луѓе во мали простории и за смрт се повторувале во изјавите на волонтерите. Луѓето кои сонувале ракување и прегратки тоа го доживеале како кршење на правилото за физичка дистанца.

– Соништата обично се приватна работа, но кога опкружувањето ќе се смени за кратко време, изгледа многумина имале исти асоцијации, изјави авторката на студијата, психологот Ана-Катарина Песонен.

Една четвртина од учесниците во истражувањето пријавиле почести кошмари отколку пред пандемијата, а една третина од нив почесто се буделе во текот на ноќта. Но, повеќе од пола од волонтерите спиеле повеќе од вообичаеното, делумно поради работата од дома.

The post Загубени пасоши, затворени граници, смрт: Ковид-19 стана кошмар за луѓето, покажува финско истражување на сонот appeared first on Слободен печат.


Загубени пасоши, затворени граници, смрт: Ковид-19 стана кошмар за луѓето, покажува финско истражување на сонот was first posted on октомври 5, 2020 at 11:21 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....