-3.2 C
Скопје
04:45 - 23 декември, 2024

Загрижувачко предупредување од Германија: Не е крај на епидемијата, ни се заканува втор бран

Заменик шефот на германскиот институт за заразни болести Роберт Кох, Ларс Шаде, предупредува дека ситуацијата во врска со корона вирусот, и покрај големите постигнувања изминатите недели, и понатаму останува сериозна.

– Се уште не се гледа крајот на епидемијата. Бројот на заразени лица може повторно да почне да расте, вели Шаде на конференција за медиуми.

Тој истакнува дека секој поединец мора да даде свој придонес бројот на инфекции да се намали што е можно повеќе и тоа пред се поради солидарност за медицинските лица и критичните групи.

Тој пренесува дека вчера бројот на репродукција на вирусот изнесувал 0,9 и дека постојат големи регионални разлики.

Шаде смета дека постои голема опасност од втор бран на инфекција доколку земјите брзо ги олабават мерките за спречување на пандемијата.

Тој укажува дека ќе бидат потребни многу месеци за потполно враќање во нормалата.

Изјави и дека најпогодените лица во Германија се на возраст од 50 години, и дека вирусот подеднакво ги погодува и жените и мажите.

Германскиот експерт истакнува и дека претходната недела бил забележан најголем број смртни случаи, и додава дека и понатаму пристигнуваат извештаин за ширење на инфекцијата во домовите за стари лица и болниците.

– Стапката на смртност во последниот период континуирано растеше, а тоа пред се е поради влез на вирусот во старечките домови. Гледаме голем број заболени стари лица. Дури 60 отсто од починатите биле постари од 70 години. Мораме, за жал, да очекуваме и понатаму смртни случаи, додава Шаде.

Тој се изјасни и на темата околу носењето заштитни маски, нагласувајќи дека лицата кои имаат акутни симптоми како проблеми со дишење треба да останат дома, и дека и понатаму е многу важно држењето растојание.

– Препорачуваме, кога лицето се наоѓа во јавност или кога не може да се одржи потребно растојание од најмалку 1.5 метар, носење заштитна маска, додавајќи дека класичните маски за заштита на носот и устата не се безбедна заштита,, но и дека медицинските маски им се неопходни на медицинските лица.

Кога станува збор за обдукција на пациенти заразени со ковид инфекција, вели дека постои ризик да се заразат медицински лица, но и дека е многу важно тиа да се спроведуваат со цел да се здобијат што е можно повеќе сознанија за оваа болест.

Тој додава и дека во меѓувреме било откриено дека вирусот погодува многу повеќе органи отколку што претходно се мислело.

 

 

The post Загрижувачко предупредување од Германија: Не е крај на епидемијата, ни се заканува втор бран appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....