Лидерот на СДСМ Зоран Заев во вечерашната дебата со Христијан Мицкоски откри дека ќе биде носител на изборната листа во четвртата изборна единица и го покани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на директно соочување.
– Бујрум, повелете на изборите во четвртата изборна единица – му рече Заев на Мицкоски.
Додаде дека ваква техничка влада не треба да има повеќе бидејќи носи повеќе проблеми и кавги.
Мицкоски останува на ставот дека кандидатот за мандатар не треба да биде носител на листа, односно дека не би сакал да се крие зад Собранието.
– Следната недела ќе имаме Централен комитет и ќе одлучиме дали јас ќе бидат мандатар или ќе бидам носител на листа – рече Мицкоски.
The post Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката appeared first on Слободен печат.