Премиерот на Владата Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир одржаа заедничка прес-конференција во Владата на РСМ.
–Имавме плоден состанок со новиот евроамбасадор, нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања, за нас е прифатлив нивниот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи деградација на демократскиот амбиент на нашата земја, но нашата обврска останува и ќе биде тоа да не се случи – рече Заев.
Тој истакна дека оптимизам внесуваат сигналите од нашите европски партнери, дека билатералните прашања не треба да бидат камен на сопнување во фазата на завршните преговори.
– Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство- рече Заев.
Ова е прва средба на премиерот Заев со евроамбасадорот Дејвид Гир, чиј мандат како шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија е четири години.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир во понеделникот му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски.
The post Заев: Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите, нема да дозволиме причини за нови одлагања (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Заев: Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите, нема да дозволиме причини за нови одлагања (ВИДЕО) was first posted on септември 23, 2020 at 10:14 am.