Лидерот на СДСМ Зоран Заев прогласи победа на предвремените парламентарни избори.
-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност од над 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за 1 или 2 уште повеќе, нашата коалиција Можеме е победничката коалиција на овие избори. Најголемата, најразноликата, тоа е коалицијата Можеме. Волјата на народот се потврди, победуваме. Граѓаните гласаа за сигурна иднина, заенидштво и солидарност, за ред и правда и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не!
Имавме избори како што доликува на земја членка на НАТО која граби кон ЕУ, слободни, демократски, безбедни и современи. Ви благодарам на сите кои бевте учесници од современата македонска демократија. Ви благодарам на сите.
Вие сте победници, бидете горди имате и зошто. Денес победи иднината и напредокот. Има една стара поговорка која вели – како ќе си постелиш така ќе си легнеш. Епилогот одговара на ова денес. Сите учесници добија порака од гласачите како и на кој начин ги спроведуваа своите политики. Среќен сум што граѓаните препознаа вистински вредности за прогресивни заложби. Денес концептот парите кај граѓаните го порази концептот обнова и лажниот патриотизам, конфликтите и поделбите. Време е сите концепти да завршат во неповратно минато, а партиите да започнат процес на реформирање.
Со оваа ваша поддршка не задолжувате со одговорност, патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште подобро. Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина. Следуваат раст на платите и враќање на парите кај граѓаните, масовно чистење на воздухот, водата и почвата, следува еко држава, следува грижа за сите граѓани, подаваме рака на секој на кој му треба поддршка и помош, следуват преговори со ЕУ и конечно народе мој следува правда.
Знам дека оваа ваша поддршка е уште една шанса за правда и верувајте добро знам дека тивкиот глас на многумина од оние кои не излегоа да гласаат е став за правда. Иако тивок и на тој став му порачувам ќе има правда, твојот став да можеш гласно да го кажеш на следните избори. Стојам пред вас со мојот тим и се обврзуваме да работиме макотрпно за правда за секој, економија – правда. Тоа го барате од нас, тоа ќе го испорачаме, повеќе пари и ред во државатаа. Тоа го можеме, уште повеќе, уште подобро.
Ќе градиме поодоговорни институции, траспаретна власт која ќе се грижи за своите граѓани. Оваа ќе биде влада на граѓаните прво граѓаните после партиите, ќе ја градиме европска, зелена, демократска, еконоски развиена Северна Македонија, рече Заев.
[Во живо:] Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
[Во живо:] Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Mercredi 15 juillet 2020
The post Заев: Можеме и тоа како можеме, успеавме народе мој – Ова ќе биде влада на граѓаните (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Заев: Можеме и тоа како можеме, успеавме народе мој – Ова ќе биде влада на граѓаните (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јули 16, 2020 at 1:59 am.