21.8 C
Скопје
15:37 - 24 април, 2024

За што се договорија Белград и Приштина со потпишувањето на документот за авиолинијата?

Приштинскиот портал „Газета експрес“ објави документ за кој наведува дека, меѓу другото, го обврзува Косово да ги укине таксите на производите од Србија, пренесува „Спутник“.

Станува збор за документ потпишан во Берлин, кога се воспостави авиолинијата Белград-Приштина.

Приштинскиот портал тврди дека наводно поседува комплетен документ во однос на тоа на што двете страни го објавија како „писмо за намерите“ и тоа како посебен документ со она на што двете страни поединечно се обврзуваат да испорачаат за слободните воздушни коридори.

Косово, според документот кој наводно го поседува „Газета експрес“, се обврзува дека договорите за слобода на движење и ИБМ договорот (Договор за интегрирано раководење со граничните премини) кои се постигнати во Брисел, ќе ги применува и на патниците, поштата и товарот кој се превезува на оваа релација.

„КФОР го задржува правото на контрола над воздушниот простор над Косово во скалд со меѓународно признатите договори на мисијата на НАТО на Косово. Во склоп со претходно споменатиот договор и договорот на Косовската управа за цивилно воздухопловство и КФОР ќе се усклади и ќе го потпише Договорот за ускладување на постпката за линијата Белград-Приштина. Во секој момент Косовското цивилно воздухопловство, аеродромот во Приштина и КФОР имаат обврска да обезбедат безбедни лето, вклучувајќи ги и слетувањата на релацијата Белград-Приштина“, се наведува во документот.

Во исто време, приштинскиот весник „Коха диторе“ оценува дека „косовската државност се доведува во прашање“ со документот кој косовската страна го потпиша во Берлин, бидејќи се избегнува употребата на називите на косовските институции.

Во писмото кое Косово го потпиша со три други страна косовската управа за цивилно воздухопловство се нарекува: „Власт за цивилно воздухопловство на Косово“.

Се зборува за отворањето на посебните линии меѓу Приштина и Белград, но се избегнува терминологијата на државните институции, пишува приштинскиот дневен весник.

Исто така никаде не се споменува АСХНА – скратеницата за државната агенција за навигација, а се користи само „Единица за воздушен сообраќај – термин кој беше во употреба пред Косово да прогласи независност – пренесува „Танјуг“.

Од „Коха диторе“ сметаат дека тоа покажува оти косовските и српските власти потпишале две различни писма, специфични за нивната работа.

The post За што се договорија Белград и Приштина со потпишувањето на документот за авиолинијата? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....