-1.2 C
Скопје
08:08 - 19 декември, 2024

ЗА САМО 20 ДЕНА: Бројот на заболени од коронавирус зголемен за 2,5 пати (ИНФОГРАФИК)

За само 20 дена бројот на заболени од новиот вирус ковид-19 се зголемил за двојно односно од 3.025 колку што бил на 07.06.2020 на 6.092 колку што бил вчера. На 12 мај, кога почна и олабавувањето на мерките, вкупната бројка на заболени изнесувала 1.674, на починати 92, а во тој момент бројот на активни случаи во земјата изнесуваше 415. На 18 март кога беше прогласена епидемијата имаше само 48 случаи на заболени од ковид-19.

Големо зголемување на бројките на заболени имаме во последните три недели кога се регистирани повеќе од 3.000 позитивни случаи на коронавирусот. Прогнозите кои ги прават некои статистичари покажуваат дека до изборите бројот на заболени може да се искачи над 8.000.

Според статистичките податоци на Министерството за здравство, на први јуни имало 2.315 заболени, a до вчера оваа бројка е зголемена за 3.777 нови случаи. На први јуни во текот на 24 часа се регистирани 89 новозаболени, а потоа оваа бројка станува троцифрена речиси секој ден. Најмногу новозаболени во еден ден, 196, имаме на 13 јуни.

Загрижува дека процентуално е многу висок бројот на новозаразените, бидејќи од последните направени тестови 870, како позитивни се покажале 172, или околу 20 проценти.

Од почетокот на епидемијата до почетокот на јуни во Македонија имаше вкупно 153 починати од коронавирусот, а во последните три недели има 133 нови случаи на почининати, односно вкупно 286.

За споредба, на 12 мај кога беше најавено олабавување на мерките на Клиниката за инфективни болести имаше 40 пациенти, но вчера имаше 96 пациенти.

На 12 мај кога кога почна олабавувањето на мерките репродуктивниот број, како што рече министерот Венко Филипче, беше меѓу 0,6 и 0,9, додека сега тој повторно е над еден. Тоа покажува дека еден заболен од коронавирус инфицира повеќе од едно лице.

Бројот на заболени почна да расте со олабавувањето на мерките, верските настани, сезоната на матурски прослави и свадба, како и подготовката за изборите, но здравствените власти постојано потенцираат дека тоа се случува поради непочитување на мерките за заштита. Иако некои земји поради зголемување на бројот на заболени ги заоструваат мерките, кај нас тоа не се најавува.

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, денеска посочи дека во сите земји каде има олабавување на мерките, а граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита, има зголемување на бројот на заболени. Тој нагласи дека се преземаат и други мерки во насока на спречување на ширењето на вирусот, како што беше затворањето на конфекциите во Штип, откако се појави зголемен број на заболени од ковид-19.

The post ЗА САМО 20 ДЕНА: Бројот на заболени од коронавирус зголемен за 2,5 пати (ИНФОГРАФИК) appeared first on Слободен печат.


ЗА САМО 20 ДЕНА: Бројот на заболени од коронавирус зголемен за 2,5 пати (ИНФОГРАФИК) was first posted on јуни 29, 2020 at 12:26 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....