Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера држеше прес-конференција за време на која почна да кашла додека пиеше вода.
Во салата настана молк, а по кашлањето од десет секунди, Вучиќ рекол дека се засркнал од водата.
„Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви“, кажа Вучиќ.
Во Србија се пријавени 19 случаи на инфекција со коронавирус, а воведени се и строги забрани за собирање во затворени простории.
The post Вучиќ се закашла на прес-конференција: Знам дека на многумина ќе им беше драго да е корона, но не удира гром во коприви (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.