3.8 C
Скопје
12:44 - 23 декември, 2024

Вработени во УБК не се сеќаваат кој бил со нив кога се уништувала опремата за прислушкување

Во периодот од 2008 до 2010 година работев во А1 телевизија, додека од 2010 до 2015 година во весникот и во неделникот “Фокус”. До СЈО немав поднесено барање дали мојот телефонски број бил прислушкуван. Но, бев известена од обвинителката Ленче Ристовска дека во листингот го има мојот број, изјави новинарката Мери Јордановска-Чанчаревиќ, сведок во процесот „Таргет-Тврдина”.

-Подоцна се обратив и официјало и ми беше потврдено дека бројот ми бил прислушкуван. Првично, мотив за таквото барање беше прес конференцијата која ја одржа тогашната опозиција. Јас добив папка од трнскрипти во кои беа наведени десетина до 20 разговори. Дел од тие разговори беа раскажани. Тогаш за прв пат дознав дека мојот број бил прислушкуван. Се чувствувам оштетена и во текот на постапката ќе побарам оштета, рече новинарката Мери Јордановска-Чанчаревиќ.

Сведокот Игор Иванов кој е филмски режисер изјави дека кога во јавноста се дознало за прислушкувањето тој се јавив кај неговиот правен застапник да провери дали бил прислушкуван.

– Досега не сум добил никаков одговор и овој повик ме изненади. Во суд бев повикан како сведок – рече Иванов.

На прашања на обвинителот Трајче Пеливанов зошто побарал да добие информација дали е прислушкуван, сведокот изјави: „Моето име се појавуваше во јавноста во негативен контекст како дел од некоја пропаганда која тогашната власт ја водеше и тоа имаше индикации по мене и некои луѓе не сакаа да комуницираат по телефон со мене. Тоа ме наведе да прашам дали сум прислушкуван. Јас прво сакам да добијам документ дека сум прислушкуван и ако судот ме упати на парнична постапка ќе поднесам барање за оштета“.

Сведокот Петар Милошоски, кој сега работи во златарница, пред сускиот совет рече дека од 2008 до 2015 година работел во Петтата управа во УБК.

– Бев логистичар во Управата. Не можам на плац на патот кон Волково. Таму дојде камион со не знам точно каква електронска опрема, а имаше и преса-дробилка. Работите од камионот се ставаа дирекно во пресата. На повик на Никола Бошковски дојдов во МВР и отидовме на таа локација. Бошковски беше мој претпоставен. До таа локација кај Волково отидивме со возило кое јас го возев. На плацот имаше луѓе за кои сега не можам да се сетам кои беа. Имаше мои колеги и човек кој работи во тој објект. Мислам дека тој ден дознав дека ќе се уништува опрема. Таму се задржавме неколку часа. Јас стоев на страна и гледав. Опремата која се уништуваше беше натоварена во еден камион. Мислам дека таму беше и колегата Мирче Мирчевски. За други лица сега не можам да се сетам – изјави сведокот Милососки.

Велешанецот Николче Николов, сведок во постапката, вработен во МВР изјави дека од 2008 до 2015 година работел како инспектор во Петтата управа на УБК.

– Два пати бев на една локација во Ѓорче Петров каде се уништуваше некаква опрема. Јас носев храна и вода за луѓето кои беа таму. Се сеќавам дека таму имаше мои колеги, но не можам да се сетам кој се беше. Јас таму дојдов два пати со служено возило на Управата. Јас видов само камион, но не видов некаква опрема. Мислам дека таму беше Сашо Трајковски, за други лица не се сеќавам – рече Николов.

Случајот „Таргет-Тврдина” се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци, предложени од обвинителството.

На претходното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци, меѓу кои политичари и новинари, кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на нелегално следење на комуникациите.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година. Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

The post Вработени во УБК не се сеќаваат кој бил со нив кога се уништувала опремата за прислушкување appeared first on Слободен печат.


Вработени во УБК не се сеќаваат кој бил со нив кога се уништувала опремата за прислушкување was first posted on октомври 2, 2020 at 11:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....