5.8 C
Скопје
17:55 - 18 декември, 2024

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од границата: Убиен сириски мигрант, Грција тврди дека е лага!

На својот Твитер профил Мугхира Ал Шариф, репортер на Би Би Си, објави снимка од убиството на, како што тврди, сириски мигрант кој е застрелан од страна на грчки полицаец.

„Сирискиот мигрант Ахмед Абу Емад од Алепо убиен е денеска од страна на грчките гранични полицајци додека се обидувал да влезе во Грција заедно со стотици други мигранти. Погоден е во вратот во 9.07 часот недалеку од Ипсала. Неговото тело е вратено во Турција“, напиша Мугхира Ал Шариф.

Снимката е со вознемирувачка содржина и може да ја погледнете тука:

Засега не е потврдена автентичноста на снимката. Ја презедоа и други новинари, меѓу нив и наградуваниот сириски новинар Абдалазиз Алхамза. Ројтерс објави дека сирискиот мигрант кој се обидувал да премине од Турција во Грција починал утрово од повредите откако грчките власти интервенирале за да го спречат преминот на мигрантите собрани пред граничниот премин. Тоа го соопштија турските безбедносни сили.

Бруталните снимки од границата ги објави и новинарката на Ал-Аан Телевизијата. Таа тврди дека грчката полиција фрлила солзавец врз мигрантите, меѓу кои имало и деца.

„Видеото на кое се гледа убиството на еден од бегалците на грчко-турската граница е лажна вест“, објави на својот Твитер Стелиос Пецас, портпарол на грчката влада во Атина.

Пукаат во вода за да ги протераат мигрантите?

Новинарот на Скај Њуз Марк Стоун на Твитер објави снима на која наводно се покажува дека грчката крајбрежна стража како се обидува да растера група мигранти во Бодрум.

Како што пишува Стоун, инцидентот се случил утрово околу 7.30 часот, а на снимките се гледа како крајбрежната стража испукува неколку истрели во вода.

Се очекуваат масовни миграции

Агенцијата за заштита на надворешните граници на Европската Унија Фронтекс овој викенд состави доверливи извештаи чија содржина сепак протече во медиумите.

Во извештајот се наведува дека се очекуваат масовни миграции од Турција, известува германскиот весник Ди Велт кој имаше можност да направи увид во овој документ на Фронтекс, кој е подготвен за носителите на политички одлуки во врвот на Европската Унија.

Фронтекс: Притисокот само ќе расте

„Ќе биде тешко да се запре големиот прилив на луѓе кои се упатуваат кон Европа“, се предвидува во извештајот на Фронтекс, со дополнување дека „во следните денови притисокот само ќе расте“.

Ситуацијата толку излегла од контрола што Фронтекс предвидува дека бегалците нема да ги запре ниту интервенцијата на турските власти ако одлучат повторно да ја затворат границата кон Грција.

Фронтекс наведува дека „вестите на социјалните мрежи ја зголемуваат можност од масовно движење од Турција кон границите на ЕУ“.

Пленковиќ: Подготвени сме да испратиме војска на границата

„Политиката на грчката влада е дека тие нема да пуштаат мигранти на незаконски начин и ние со сите средства ќе им помагаме во тоа за да ги заштитиме надворешните граници на ЕУ, конкретно грчката и бугарската граница“, рече синоќа во интервју за ХТВ хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој најави дека е можна активација на границата. Сепак смета дека оваа криза треба да се решава во изворот – Сирија.

Европската Унија од Турција очекува да го почитува договорот за спречување на приливот на мигранти кон Европа, изјави портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, откако Анкара се закани со нов бегалски бран.

Инаку, грчката полиција вчера испука солзавец за да ги одврати стотиците мигранти кои се обидоа од Турција со сила да ја поминат нивната граница, по што одлучи да ги пушти кон западна Европа. Ова беше втор ден од судирот на полицијата и мигрантите на грчката граница.

 

 

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од границата: Убиен сириски мигрант, Грција тврди дека е лага! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....