Во Кина во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден локално пренесен случај од новиот коронавирус, а намален е и бројот на заразени кои се враќаат од странство.
Националната здраствена комисија соопшти дека во Кина се пријавени 54 нови случаи на зараза и дека сите се импортирани.
Вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 81,394, додека цифрата на смртни случаи порасна за три и се искачи на 3.295. Смртните случаи се пријавени во провинцијата Хубеи, каде нема новозаболени лица.
Кина од денеска воведе поригорозни мерки за странските државјани и привремено го суспендира влезот на луѓето со виза или дозвола за престој.
The post Во Кина нема локално пренесени случаи со коронавирус appeared first on Слободен печат.