Француските здравствени власти ќе обезбедат бесплатни тестови без упат за коронавирус, додека внимателно го следат зголемувањето на бројот на заразени лица по укинувањето на мерките за карантин.
ПЦР тестовите на брис од нос, со кои се открива заразата со новиот коронавирус, ќе бидат бесплатно достапни на барање според новите владини одредби објавени вчера.
Франција пријави 30.192 смртни случаи како резултат на коронавирусот и вкупно 180.528 заразени, според податоците објавени во петокот.
Во земјата во еден ден има повеќе од 1.000 новозаразени, што отприлика бил дневниот број на заразени откако во мај се олеснати двомесечните мерки карантин.
The post Во Франција расте бројот на случаи на зараза со коронавирус appeared first on Слободен печат.
Во Франција расте бројот на случаи на зараза со коронавирус was first posted on јули 26, 2020 at 12:07 pm.