10.8 C
Скопје
07:57 - 25 април, 2024

Во Берлин полицијата го прекина протестот против коронамерките (ФОТО)

Полицијата во Берлин нареди прекин на протестите на противниците на мерките против пандемијата од коронавирус поради непридржување кон правилата за носење на маски и одржување дистанца, соопшти денеска полицијата преку Твитер.

„За жал не ни преостанува ништо друго: на организаторите на протестот им ја соопштивме одлуката за прекин на протестот зошто досегашните предупредувања не вродија со придржување кон условите за одржување на протестите“, соопшти полицијата преку Твитер.

Транспарент „Биди смирен и бори се против нацистите“ на протестот против мерките за справување со пандемијата /Берлин/29 Август 2020/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Откако судот ја укина забраната за протести на противниците на мерките против ширењето на пандемијата од коронавирус што пред неколку дена ја издаде градот Берлин, полицијата објави дека протестот ќе биде толериран единствено ако учесниците се придржуваат кон правилата за дистанца и носење заштитни маски, што меѓутоа не беше случај.

„Правилото за одржување дистанца, и покрај повеќекратното барање преку разгласот, не се почитуваше“, стои во соопштението.

Протестот против маските прекинат поради неносење маски/ Берлин/ 20 Август 2020/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Пред тоа полицијата процени дека бројот на учесници е околу 18.000.

На протест повика иницијативата Вкерденден 711 од Штутгард, но и деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД).

Демонстраните во Берлин почнаа да пристигнуваат рано утрото, а во колоната можеа да се видат и многубројни знамиња на Русија, Германија но и знамиња на Германското Царство.

Демонстрантите побараа заминување на канцеларката Ангела Меркел и укинување на сите мерки за борба против коронавирус, а носеа и транспаренти со членовите на германската влада во затвореничка облека.

Протест и против канцеларката Меркел и германската влада / Берлин /29 Август 2020/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Медиумите јавуваат за „мешана публика“ меѓу протестатните: од цели семејства до припадници на екстремната десница.

Меѓу демонстрантите против мерките за борба против ширењето на заразата досега се уфрлаа припадници на крајната десница т.н. Граѓани на Рајхот, при што се работи за групациите кои го негираат постоењето на СР Германија.

За попладне се најавени и контрапротести, но по забраната на главниот собир пре Бранденбуршката порта под прашалник е доведено нивното одржување.

 

The post Во Берлин полицијата го прекина протестот против коронамерките (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Во Берлин полицијата го прекина протестот против коронамерките (ФОТО) was first posted on август 29, 2020 at 5:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....