17.8 C
Скопје
02:41 - 20 септември, 2026

Прогнози за есен: Рускиот астролог Павел Глоба предвидува големи животни промени кај овие 5 хороскопски знаци

Есента е време на промени и нови достигнувања. По летните одмори, луѓето добиваат сила и се обидуваат да променат нешто во нивните животи.

Тоа може да биде промена на работното место, позиција или дури и област на работа, како и промена на партнерот или можеби купување недвижен имот.

Познатиот руски астролог Павел Глоба за оваа есен предвидува големи животни промени за пет знаци на Зодијакот!

Вагите на есен ги очекуваат драматични промени во нивниот личен живот. Некои претставници на овој знак конечно ќе можат да преминат во нов однос со партнерот: тоа може да биде или понуда да се живеете заедно или предлог за брак.

Исто така, есента може радикално да го промени животот на Близнаците. Близнаците одамна сонуваа конечно да се ослободат од „канцелариското ропство“ и да започнат да прават нешто покреативно и поинтересно. Талентираните Близнаци тешко се снаоѓаат со распоредите и рутините. Тие сакаат да имаат поголема слобода за својата креативност. Токму таа слобода судбината ќе им ја донесе наесен. Близнаците не смеат да ја пропуштат оваа можност.

Достоинствените Девици оваа есен ќе имаат унапредување на деловен план. Само не семеете да се плашите од одговорноста што ќе ви „падне“ со новата функција.

Големи промени доаѓаат и во животот на Овните. Припадниците на овој знак се навикнати да работат и брзо донесуваат одлуки; за нив е тешко да седат и да чекаат мирно. Нивната импулсивност конечно ќе им донесе добри работи. На многу Овни ќе им се понуди интересен и комплексен проект на работа, што ќе значи не само зголемување на приходот, туку и можна транзиција кон повисока позиција.
Водолијата, исто така, ќе се соочи со драматични промени во приватниот живот. Водолиите, исто како и Близнаците, високо ја ценат слободата и поради неа понекогаш се подготвени да се откажат од се и и од сите. Наесен многу претставници на овој знак може да добијат „неочекуван“ удар – некоја сакана личност ќе издаде ултиматум – или ќе поднесе барање за развод или ќе најави раскинување.

Слични објави

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо

Напиша 5 збора и доби 100.000 евра – oва е песната што ѝ донесе богатство на Марина Туцаковиќ

Еспресо

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо
Се вчитува....