9.8 C
Скопје
15:23 - 28 декември, 2024

ВМРО ДПМНЕ од партија, до јавна здравствена установа!

Изјавата на проф. Светомир Шкариќ ја запечати играта со наддавање за тоа кога треба да се одржат изборите:

-Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија. По престанокот од вонредната состојба остануваат уште 28 дена за да се пополни рокот од 60 дена каде што Уставот е дециден. Ако тој рок се пробие Уставниот суд може изборите да ги прогласи за неуставни, вели Шкариќ.

Овој став на Проф. Шкариќ му е познат на раководството на ВМРО ДПМНЕ, впрочем како и вистината што произлегува од оваа уставната одредба. Затоа и експертите од ВМРО-вска провиниенција молчат и не го оспоруваат. Со ставовите на професорот Шкариќ до скоро спореа експертите блиски до СДСМ кога тој застана на позицијата дека не постои можност за свикување на Собранието, штом еднаш се самораспуштило. Но проф. Шкариќ ни тогаш не го смени своето мислење кое подоцна го потврди и Уставниот суд. Очигледно правото не признава партиски бои и интереси.

Затоа од овој момент Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски треба да престане да се однесува како портпарол на ВМРО ДПМНЕ, кога индиректно сугерира кога е соодветно да се закажат изборите. Наспроти тоа што е можно поскоро да се зафати со она што му е работа, да ги забрза подготовките за непречени избори, онаму каде процесот застана.
Доколку ДИК како извршно тело прави пречки, Владата има право со уредба да ја смени ДИК.

-Со уредбата со законска сила Владата може да ги промени сите одредби од изборниот закон кои се пречка за остварување на предвремените избори а во тој контекст и да ја смени дик, категоричен е Шкариќ.

Тоа значи дека од правен аспект Владата е сега и Влада и Собрание. На тој начин го има легитимитетот да одлучува самостојно за се за што мисли дека е во интерес на државата. Оттука и разбирливо би било опозицијата да се залага со сите сили што поскоро да ја прекине таквата позиција и моќ што и ја дава вонредната ситуација со барање за итни избори по кои би се формирала нова политичка Влада, но пред се и ново Собрание кое би ја ограничило моќта на Владата.

Но се случува сосема спротивното. Власта сака избори, а опозициската ВМРО ДПМНЕ бега и ја остава Владата да го прави она што го прави без никаква контрола.

Наместо тоа ВМРО ДПМНЕ од најголема опозицициска политичка сила, се сведе на ниво на јавна здравствена организација која наводно се грижи за здравјето на граѓаните, нешто што не е нејзина примарна работа.

Па така како најголема пречка за одржување на предвремените избори ја споменува опасноста од зараза со корона вирусот!!!

За здравјето на граѓаните, вклучително и со пандемијата задолжена е СЗО и здравствените власти на државата на чело со министерот Венко Филипче. ВМРО ДПМНЕ тука нема никаква улога. Уште помалку да си дава за право да одлучува во името на граѓаните и да не им дозволува да излезат на гласање и да одлучат на кого ќе му ја дадат својата доверба во наредниот четири годишен мандат. Со таквото однесување таа прави своевиден пуч, бидејќи им забранува на граѓаните да ја користат својата уставна слобода и право да бираат. Односно таа си го зема правото да одлучи кога за нив е најдобро да излезат на гласање.

Но што ако токму тогаш се случи најголем процент на заразени со ковид 19 и тоа со смртоносни последици. Кој ќе ја преземе тогаш одговорноста!? Секако не ВМРО ДПМНЕ.

На крајот на краиштата, ако е толку опасно граѓаните сами знаат да проценат дали ќе излезат на гласање. Но одговорноста секогаш е на власта.

Затоа како што вели проф. Шкариќ:

-Владата веќе треба да го има изработено новиот модел како ќе се гласа, како ќе се пристапи кон избирачкото место, каков состав ќе имаат избирачките тела , ако се гломазни владата може да го редуцира нивниот број. Дури и како ќе се бројат глласовите, Владата сето тоа треба да го направи во договор со здравствените тела и да го вгради во новата уредба која или би била нова или би имало форма на доплнување на постојната. И тој модел веројатно ќе биде паралелен модел се додека трае застрашувањето од корона вирусот.

The post ВМРО ДПМНЕ од партија, до јавна здравствена установа! appeared first on Слободен печат.


ВМРО ДПМНЕ од партија, до јавна здравствена установа! was first posted on мај 20, 2020 at 8:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....