-4.2 C
Скопје
03:19 - 23 декември, 2024

Властите поради коронавирусот комплетно го стопираа целиот јавен живот во Словенија

Со одлука на словенечките власти како мерка во борбата против коронавирусот од утрово комплетно е стопиран целиот јавен живот во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, затворени се училиштата, градинките, сите културни и спортски установи, јавниот градски превоз, домашниот и меѓународниот железнички превоз и сите услужни објекти каде што може да има контакт меѓу луѓе, како фризерски и козметичарски салони.

Портпаролот на Кризниот штаб за справување со коронавирусот Јелко Кацин, најави дека од утре ќе се затворат и аеродромите во земјата со што ќе се стопира и воздушниот сообраќај.

– Ова е крај за локалите, крај на дружењата, а државата ќе се погрижи за да разбереме зошто мораме да се грижиме за себе и за другите. Мораме да почнеме да се грижиме за себе – изјави Кацин.

Во однос на превозот најавено е дека нема да бидат укинати такси возилата, но таксистите имаат обврска после секој патник да направат комплетна дезинфекција на возилото, а полицијата строго контролира дали тоа се почитува.

Дополнително градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ изјави дека од утринава сите паркинг места низ градот ќе бидат бесплатни со цел да се компензира неработењето на јавниот превоз.

The post Властите поради коронавирусот комплетно го стопираа целиот јавен живот во Словенија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....