7.8 C
Скопје
12:06 - 24 ноември, 2024

Владата утре ќе пресече за избори на 5 јули

Владата утре ќе пресече дали ќе бара да се продолжи вонредната состојба која истекува во сабота и дали ќе го бетонира изборниот ден, 5 јули. Ваквата информација денеска ја соопшти вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој рече дека владата ќе направи пресек на епидемиолошките трендови пред да ја донесе конечната одлука.

– Здравјето на граѓаните е пред се, темата избори ни е наметната бидејќи ние сме уникатен пример во светот без функционални институции во време на пандемија. Новата уредба се повикува на претходната донесена во март, со која се прекинаа изборите. Тогаш се одреди дека на денот кога ќе заврши вонредната состојба ќе продолжат да течат изборните рокови, што значи 22 дена по вонредната состојба. Со новата уредба направивме само прецизирање во однос на контролата на избирачкиот список, но и обврскаите кои Министерството за здравство треба да ги преземе, односно да обезбеди за избирачките одбори заштитна опрема – рече Османи.

Во меѓувреме, се очекува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска да комуницираат за да процент дали е можен изборен датум со консензус. За ваквата разврска лично посредуваше еврокомесарот Оливер Вархељ, кој веќе разговараше со лидерите на двете партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски.  Тој на Твитер напиша дека во разговорите ја нагласил важноста за слободни, фер и инклузивни избори земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид 19 како и ефикасните мерки за економско закрепнување. Разговорот доаѓа во екот на најжестоката дебата меѓу власта и опозицијата дали треба да има избори во лето или на есен. Откако во јавноста ваквата заложба на еврокомесарот беше протолкувана дека за надминување на уште една политичка криза потребно е надворешна медијација, од Владата излегоа со став дека Македониа повеќе не е надворешно прашање на ЕУ.

– За медијацијата мислам дека веќе станавме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за почеток на преговорите и медијацијата од страна на Комисијата не го гледам како надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние сме дел од семејството. Како некој внатре во државата да посредува помеѓу партии или институции, така ја рзабирам улогата на комесарот Вархељ. Добредојден е тој вид на медиација и се надевам дека партиите ќе соберат сили да постигнеме консензус. Се согласувам со твитот на Вархељ дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности со пандемијата – рече Османи.

Додека од СДСМ неофицијално лицитираат со избори на 5, 8 или 15 јули, во ВМРО-ДПМНЕ овој пат велат дека сакаат избори со мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР.  Во меѓувреме, во ДИК, неофицијално за Слободен печат велат дека се подготвуваат за избори.

Од друга страна, пак, претседателот на ДИК Оливер Дерковски кој доаѓа од опозициските редови во јавноста излезе со свој став дека за подготовка на изборниот процес на Комисијата и се потребни 50 дена. Во партиите потврдуваат дека нема да водат класична кампања во смисла на собири и средби со граѓаните.

И додека ДИК ги очекува протоколите за денот на гласањето во услови на корона криза, во владата велат дека се прават проценки дали изборниот ден ќе се разликува од другите денови во кои граѓаните ги обавуваат секојдневните активности, односно како ги обавуваат нормалните животни функции.  Вицепрмиерот Османи денеска посочи дека датумот за избори формално треба да го направи спикерот, со измени на решението за изборите на 12 април.

The post Владата утре ќе пресече за избори на 5 јули appeared first on Слободен печат.


Владата утре ќе пресече за избори на 5 јули was first posted on јуни 11, 2020 at 2:05 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....