8.8 C
Скопје
16:27 - 18 ноември, 2024

Владата не планира промена на изборниот модел: Само малите партии ќе се борат за една изборна единица

Владата не планира промени во политичкиот систем ниту во изборниот систем во наредните четири години. Во програмата за работа извршната власт не спомнува ниту збор за воведување на една изборна единица наместо сегашните шест за парламентарните избори, ниту за воведување на отворени листи за пратеници со кои избирачите би можеле подиректно да ги избираат своите претставници во Собранието. Изборниот модел засега останува ист, единствено Владата ќе побара да се укине обврската за техничка влада на 100 дена пред парламентарните избори, а на следните локални избори ќе има отворени листи за кандидирање на советници.

„Владата ќе предложи укинување на т.н. Пржинска влада која покажа бројни слабости, го блокираше еден дел од државниот апарат во период на најголема светска криза и беше злоупотребена“, се вели во владината програма.

Укинувањето на техничката влада е споменато во делот насловен со „Демократија која работи за граѓаните“, каде најголемото внимание е посветено на медиумите и слободата на говорот и на поголемата соработка на граѓанските организации со извршната власт. Промената при кандидирањето на општинските советници е спомената во делот „Стоп за злоупотреби“:

„Владата ќе предложи измени во Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени листи уште при следните локални избори. Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните со нивните сограѓани, наместо силна врска и зависност само од политичките партии“, се вели во програмата.

Изборната рефома со една изборна единица и отворени пратенички листи не беше ветување на СДСМ на последните избори. Најголемата партија ветуваше една изборна единица на претходните парламентарни избори во 2016 година, а во минатиот владин мандат пропадна иницијативата на помалите партии тоа и да се реализира. Еден од иницијаторите беше партијата Демократски сојуз, чиј лидер, пратеникот Павле Трајанов не се откажува од идејата и на конститутивната седница побара Владата во првите три месеци да ги промени изборните правила.

– Македонија да биде една изборна единица со отворени листи и без изборен праг. Се подразбира дека треба да остане пропорционалниот модел. Со овие промени, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира еднопартискиот систем на владеење. Треба да се направат промени во Изборниот законик за  сите учесници на изборите да имаат исти стартни основи и шанси. Очекувам промените на изборните правила да се завршат во првите три месеци – рече Трајанов.

Тој предложи и претседателот да може да го распушта Парламентот во услови на криза, да се  намали бројот на пратениците од 120 на 90 и да се преиспита примената на Бадентеровото правило во областите каде се јавува како кочница за функционирање на правната држава, како при избор на јавен обвинител, судии и сл.

Премиерот Зоран Заев во своето експозе не зборуваше за поинаков политички систем, но најави целосна реорганизација на јавната управа, намалување на бројот на институциите и трошоците за работа, како и намалување на бројот на администрацијата и тоа за 20 отсто.

„Јавната администрација мора да биде професионална, иновативна, одржлива, транспарентна и меѓусебно да соработува. Треба да биде силна, но не за да ги кочи туку да ги забрзува демократските, економските и развојните процеси. Структурата на институциите и нивната поставеност е далеку од оптимална и создава бесконечни лавиринти, кои наместо да ги штитат правата на граѓаните и да ја помагаат економијата, стануваат нивни кочничари. Овие состојби ќе ги промениме. Целосна реорганизација на јавната управа ќе започне веќе во 2020 година“, ветува Владата.

Друга промена што ќе овозможи подиректна демократија е можноста граѓаните да поставуваат точки на дневен ред на седниците на Советите на општините за да иницираат решавање на одредени локални проблеми.

„Владата ќе предложи законски решенија со кои граѓаните и здруженијата ќе имаат можност да предлагаат точки на дневен ред и да учествуваат во работата на Советот. Граѓаните, здруженијата и месните заедници задолжително ќе учествуваат во донесувањето на развојните програми и на буџетот на општината. Обврската за консултации со граѓаните ќе ја прошириме и на програмите на општините“, се обврзува централната извршна власт.

Таа ќе им обезбеди и организациски и финансиски ресурси на помалите општини што немаат доволен капацитет одеднаш да се справат со реализација на големи проекти и на тој начин ќе го стимулира локалниот и регионалниот развој.

The post Владата не планира промена на изборниот модел: Само малите партии ќе се борат за една изборна единица appeared first on Слободен печат.


Владата не планира промена на изборниот модел: Само малите партии ќе се борат за една изборна единица was first posted on септември 1, 2020 at 2:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....