-0.2 C
Скопје
18:46 - 22 декември, 2024

Вирусот успорува, Италија ги разгледува начините за побрзо отворање на државата

Италијанската влада подготвува план од пет точки за контролирано отворање на државата, во моменти кога пандемијата на коронавирусот покажува значи на намалување.

Италија е соочена со најтешки последици од коронавирусот од   сите европски држави, но се забележува успорување  на ширењето на заразата. Како се намалува бројката на новозаболени и починати, така меѓу луѓето е се регистрира нетрпеливост од мерките на изолацијата , како во бизнисот, така и во секојдневниот живот.

Италијанската влада најавува дека ќе ги задржи мерките на социјално дистанцирање меѓу населението,и ќе ги унапредува методите на домашното лекување, со цел да се намали притисокот врз болниците, како и најавата дека ќе се зголеми бројот на тестирање на населението од коронавирусот.

Тестирањето ќе треба да покаже колку милиони граѓани на Италија се заразени од Ковид-19 како и да покаже, кои региони се најпогодени од ширењето на коронавирусот. Овие податоци треба јасно да  покажат во кои делови од Италија ширењето на вирусот е запрено и искоренето , вели италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза.

Тој најавува и отворање на нови болници .кои ќе бидат спецјализирани за лекување на заболените од Ковид -19, и со тоа, целосна изолација од останатите болни лица.

Сперанза повика и на внимателност најавувајки дека наредните денови може повотрно да се зголеми бројката на новозаболени, како и дека е неодговорно да се дава прецизна информација кога  Италија целосно ќе се врати во нормална состојба.

Кризата ќе биде готова во оној миг кога ќе се пронајде ефективна вакцина против коронавирусот, сметаат медицинските експерти,

На оваа констатација на здравствените експерти, италијанската влада додава дека, додека не се пронајде вакцината, државата треба да создаде услови за соживот со вирусот.

Во меѓувреме, според последните информации, во последните 24 часа во Италија починале уште двајца лекари, со што вкупниот број лекари жртви на Ковид – 19 се зголеми на осумдесет. а 11.225 здравствени работници се инфицирани.

Најмладиот починат доктор имал 46 години, а најстариот 90 години. Меѓу жртвите имало од оние доктори кои одговорија на повикот на цивилната заштита и, иако беа во пензија, се вратија на служба. Пријавени се и случаи на самоубиства меѓу медицински сестри кои не можеле да го издржат психолошкиот притисок.

Една од главните причини за смртта на лекарите е што тие не беа доволно заштитени во раните фази на епидемијата и честопати беа принудени да интервенираат дури и со голи раце, велат од  италијанското министерство за здравство.

The post Вирусот успорува, Италија ги разгледува начините за побрзо отворање на државата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....