Од Иран се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како маж, веројатно заболен од коронавирусот едвај стигнува до болницата и паѓа, а персоналот го остава таму, со образложение дека не можат да го примат поради преполниот капацитет.
Извори од Иран јавуваат дека во сите градови низ државата ситуацијата е критична поради тоа што болничките капацитети се преполнети со пациенти, и има недостиг на лекови и медицински персонал.
In Iran, horrific videos of #CoronaVirus are emerging. The situation is disastrous especially in the province of Gilan.
This poor man collapsed in front of a hospital, but they can’t admit him since it’s full.
While hospitals are ill-equipped, Iran’s leaders don’t care. pic.twitter.com/O7c23riEqV
— Masih Alinejad 🏳️ (@AlinejadMasih) March 7, 2020
Посебно е лоша состојбата во провинцијата Гилан.
Преку социјалните мрежи расте револтот на иранските граѓани кои се жалат дека на политичкото лидерство во државата не се грижи многу за новонастаната состојба во земјата.
Иранските власти денеска соопштија дека бројот на смртни случаи во земјата се искачил на 291 лице откако за еден ден починале 54 како последица на корона вирусот.
Досега само во оваа земја бројот на случаи заразени од ова вирусно заболување достигна 8.042 регистрирани случаи
The post ВИДЕО од Иран кое го потресе светот: Забoлен од коронавирусот падна пред болница, не го примаат зошто се преполни appeared first on Слободен печат.