ВМРО-ДПМНЕ е партија која заслужува да биде модерна, европска партија, затоа треба да се вклучи и младината со идеи и проекти за модернизација, за таа партија да биде поблиска до народот, смета Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци кој, доколку се создадат услови, би се кандидирал за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
– За жал некои толку суетно го сфаќаат тоа, толку егоистично, како да не треба никој да има желба и мотивација да се кандидира за иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ, како да е тоа забрането на некој начин, и даваат несоодветни и паушални изјави, како портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, што не го доликува, и мислам дека таквото однесување партијата ја носи во еден затворен круг на функционери. Народот веќе не сака да слуша црни кампањи и да води дневна политика, младите сакаат перспектива и слободен живот, вели Јанчев во интервјуто за „Слободен печат“ и додава дека тоа може да го понуди човек кој е порационален, кој нема его и суета во делот на конкуренцијата.
Проследете го целото интервју со актуелниот градоначалник на Кавадарци:
The post ВИДЕО | Интервју со Митко Јанчев: На ВМРО-ДПМНЕ не ѝ требаат црни кампањи и лични суети appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО | Интервју со Митко Јанчев: На ВМРО-ДПМНЕ не ѝ требаат црни кампањи и лични суети was first posted on октомври 28, 2020 at 1:00 pm.