13:16 - 27 ноември, 2026

(Видео) Дали пред 2000 години во Помпеја се јадело пица?

Археолози во стариот римски град Помпеја открија слика на која што се гледа „предокот“ на она што денес го знаеме како италијанска пица, пренесува „БиБиСи“

Лебот претставен на фреската стара 2.000 години може да биде „далечен предок на модерниот оброк“, изјавиле од италијанското министерство за култура, највеќе бидејќи на цртежот не се претставени препознатливите состојки на пицата кои ги знаеме денес.

Фреската е пронајдена во ходник до куќа близу до пекара, преку скорешни откопувања на археолошкото наоѓалиште во јужна Италија.


Археолозите кои работат на наоѓалиштето кое е прогласено за светско културно наследство од страна на УНЕСКО велат дека на фреската е претставен леб заедно со вински пехар, а посочуваат дека лебот можел да се конзумира со мандарини или урми, или пак да бил зачинет со зачини и некоја форма на песто намаз.

Директорот на Помпеја, Габриел Зухштригел вели дека фреската го покажува контрастот меѓу „штедлив и едноставен оброк“ и „луксуз од сребрени послужавници“.

Скелети на три лица, исто така, биле пронајдени во близина на рерната во работните области на домот, се додава во соопштението на Министерството за култура.

Археолошкото наоѓалиште се наоѓа на околу 23 километри од градот Неапол, модерниот дом на италијанската пица исто така заштитена од УНЕСКО.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....