-1.2 C
Скопје
09:20 - 23 декември, 2024

ВИДЕО | Андоновиќ: Нападите во Франција последица од тензиите на Блискиот Исток

Франција се наоѓа под жесток напад од радикалниот ислам. Оваа драсатична изјава ја даде францускиот претседастел Емануел Макрон откако вчера 21- годишен напаѓач со потекло од Тунис обезглави една жена и уби уште две лица во храмот Нотр Дам во Ница.

ВИДЕО+ФОТО | КРВАВ ДЕН ЗА ФРАНЦИЈА: Во храм во Ница обезглавена жена, три жртви за неколку часа

Човекот неодамна влегол во Франција од Италија, како емигрант кој бил згрижен од Црвениот крст. Неколку часа по нападот во Ница, полицијата застрела маж кој со пиштол им се заканувал на минувачите во близина на Авињон. Засега познато дека убиениот бил на ментално лечење и се истражува дали мотивот за нападот е терористички.

Во меѓувреме, државната телевизија на Саудиска Арабија објави дека еден Саудиец бил уапсен во црвеноморскиот град Џеди откако нападнал и повредил чувар во францускиот конзулат. Француската амбасада објави дека станува збор за напад со нож, дека нападнатиот е во болница и дека не му бил загрозен животот.

Француските власти сметаат дека нападот врз црквата Нотр Дам во неговиот град е сличен на оној во Париз во кој беше обезглавен професорот Самуел Пети, кој им покажувал на ученици училишни карикатури на пророкот Мухамед.

ВИДЕО: Ова е 21-годишниот Тунижанец што денеска изврши терористички напад во храмот во Ница

Овој настан беше иницијална каписла за започнување на напади на радикалните исламисти врз Франција кои сметаат дека покажувањето на кариактурите на пророкот Мухамед се навреда за исламот.

Дополнителна тензија предизвикаа и изјавите на Макрон кој и тогаш, а и вчера оцени дека Франција е граќанска и демократска држава каде клучна улога игра слободата на изразување. Особена тензија предизвика неговата квалификација дека Франција е на удар на Исламски Фашизам, термин кој за прв пат е употребен од еден политичар, и кој се очекува дополнително да предизвика гнев кај радикалните муслимани.

Речиси сите муслимански држави во светот го осудија нападот во Ница. Турција предупреди дека Исламот не смее да се користи во име на тероризам. Но сепак се уште нема никакво извинување поради оценката на претседателот Ердоган кој неодамна ја осуди подршката на Макрон за објавувањето на карикатурите на Мухамед, порачувајќи му дека му треба ментално лекување.

Франција како и цела Европа се на мета на теористички напади на радикални исламисти како псоледица од повеќедеценските тензии на Блискиот Исток. Во Франција како поранешна колонијална сила живее голема муслиманска заедница која и е лојална на државата. Но сепак во сите тие заедници постојат заспани ќелии, таканаречени спијачи, кои можат да бидат активирани и да делуваат. Тероризмот се префли на улиците и државата може многу тешко да предвиди кој, што и каде би можел да се случи нов теросттички напад.

The post ВИДЕО | Андоновиќ: Нападите во Франција последица од тензиите на Блискиот Исток appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Андоновиќ: Нападите во Франција последица од тензиите на Блискиот Исток was first posted on октомври 30, 2020 at 9:39 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....