Во САД продлжува преборјувањето на гласовите Бајден е поблиску до победата, додека предноста која претходно ја имаше Трамп полека се топи. Во моментов Бајден има 253 додека Доналд Трамп 213 електорски гласа , а за победа на изборите треба да се добијат 270 гласови на електорите.
Се уште се чекаат резултатите од Аризона, Невада, Џорџија, Пенсилванија, Северна Каролина и Аљаска. Доколку сака да победи Бајден треба да ја одржи моменталната предност во Аризона и Невада, покрај Вискосин и Мичиген каде веќе прогласи победа. На Трамп му е потребна победа во Северна Каролина и Пенсилванија каде во моментов е во водство, а потоа да ја освои и Џорџија и Ариозна или Џорџија и Невада.
Државните судови во Мичиген и Џорџија веќе гиотфрлија барањата на тимот на Трамп за нерегуларноста на изборите во овие три држави. Во меѓувреме демонстрации на приврзаниците на Трамп во Њујорк каде полицијата уапсила најмалку 30 демонстранти, кои, како што велат, „ги расипале мирните демонстрации со палење факели, превртување контејнери и фрлање јајца на Менхетен“.
Станувало збор за приврзаници на Доналд Трамп кои излегоа на улиците да се побунат против резултатите од изборите.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио рече дека „на демонстрациите имаше релативно малку луѓе“.
„Повеќето Американци сфатија дека пребројувањето на гласовите во САД е фер“, рече Де Блазио.
Додека се чекаат резултатите од изборите во САД, беа регистрирани рекордни 121.054 нови случаи на заразени со новиот коронавирус. Тоа е најголем број на заразени за еден ден, покажаа податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс.
Претходниот рекорд во бројот на новозаразени беше поставен ден претходно, а протести има во Љубљана и Лондон поради антиковид мерките на нивните влади. Во Љубљана неколку десетици демонстранти, кои се противат на забраната на движење меѓу општините и собирање на повеќе од шест лица, протестираа на повеќе локации.
Демонстрантите веруваат дека пандемијата на коронавирусот е дел од „светски заговор“, а себеси се нарекуваат „воини на светлината“, кои сакаат да ги обелоденат лагите. Полицијата употреби водени тиопови да ги растера демонстрантите. А местото каде се одржуваа протестите го надлетуваа и хеликоптери. Нов протест е закажан и за денес.
Протести и немири синоќа избувнаа и во Лондон кога демонстранти се судрија со полицијата протестирајќи против најновите ограничувачки мерки воведени од британската Влада. За време на демонстрациите биле уапсени 104 лица за кршење на пропишаните мерки поради новиот коронавирус. Протестите се резултат на одлуката на британската влада да воведе вонредна состојба и ограничување на движењето поради растечкиот број на заразени од корона вирусот.
The post ВИДЕО | Андоновиќ: Бајден во предност, Трамп обвинува за изборна кражба appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО | Андоновиќ: Бајден во предност, Трамп обвинува за изборна кражба was first posted on ноември 6, 2020 at 9:58 am.