Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан е секогаш интересна, провокативна и директна. Секогаш своја. Бескромпромисна, духовита, жив пример како вистината освојува.
Први мај го поминала дома, со сопругот и пријателите.
„Нема да држиме дистанца и нема да носиме маски. И нема да зборуваме за короната. Ќе се сетиме на нашето заедничко мрачно минато во кое меѓу љубовниците немаше штит од плексиглас. За среќа, во Хрватска не постои полициски час, па никој нема да не разбрка. Нема да нè разбркаат ни затоа што ќе бидеме заклучени, – вели Рудан за срспкиот портал „Блиц“ и прашувајќи се додава: Каде се денес работниците? Кои се денес работници?, на што следува и одговорот: Работници се сите оние кои нешто работат на одредено време за неодредена ситна пара. Денес работници се луѓето кои од смртта ги дели една месечна плата. Работниците се робови на земјата, робови кои ги мачи гладта, но веќе никогаш нема да се кренат„.
Според Ведрана, Светската здравствена организација која би требала да даде одговори за коронавирусот, веќе не е светска: „Со неа владеат некој Бил и неговата жена Белинда. Од неа се извлече Америка, а во неа скокна Кина. Па сепак ни Бил ни Кина ни Белинда не ни го даваат одговорот на сите прашања: зошто короната ги заклучи Њујорк, Париз, Лондон, Рим, Москва, а ги заобиколи Пекинг и Шангај?!“
На прашањето на новинарот што ќе биде после короната, Ведрана Рудан одговара:
– После короната, ќе биде уште полоша корона. Во времето на следната корона сопственикот на Амазон и нему сличните веќе нема да заработуваат милион долари на минута, туку два. Ситните „коронаши“, нè има околу девет милијарди, ќе заработуваат наместо десет центи, пет. После следната корона – цент. По следната…
Околу проблемите кои ги имала со Фејбукот, таа објаснува дека не е првпат да има проблеми со оваа социјална мрежа. Проблемите се појавиле откако на нејзината страница објавила разговор со германски доктор кој рекол дека тестовите за корона не се сигурни:
– Фејсбук во секоја земја има свое министерство за вистина кое ги контролира лажните вести кои болните како мене ги објавуваат на Фејсбук. Бидејќи јас ја објавивив „лагата“ која ја рече докторот, дека тестовите за корона се несигурни, а денес тоа сите го знаат, Фејсбук ми го „замати“ текстот и ми запрети дека, ако случајно повторно се случи, ќе го ограничи бројот на моите читатели.
Инаку, таа на својот Фејсбук профил има 220.000 следбеници, но како што вели, наскоро ќе има само еден читател, односно, самата себе, поентирајќи дека знае дека нашата слобода е во рацете на неколку светски закерберговци, но таа ќе си го задржи правото на своето „погрешно“ мислење.
Опишувајќи ја преку жанр ситуацијата во која се наоѓаме вели дека е порно, без право на оргазам, заклучува Ведрана Рудан во разговорот за за срспкиот портал „Блиц“.
Разговорот со Ведрана Рудан за „Слободен печат“, кое неодамна го објавивме, доколку сте го пропуштиле, прочитајте го – ТУКА.
The post Ведрана Рудан: Зошто короната ги заклучи Њујорк, Париз, Лондон, Рим, Москва, а ги заобиколи Пекинг и Шангај?! appeared first on Слободен печат.