3.8 C
Скопје
09:32 - 21 декември, 2024

Вардар можеше да ни ја донесе најнепосакуваната круна – короната!

„Најголемата грешка се случи на 19 февруари, кога повеќе од 40.000 жители на Бергамо беа на стадионот Сан Сиро, на натпреварот меѓу Аталанта и Валенсија, додека преостанатите жители на Бергамо групно го следеа овој натпревар и потоа славеа до доцните часови,“ рече Фабијано ди Марко, директорот во болницата во Бергамо, кој овој настан го нарече „биолошка бомба“.

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори, изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на натпреварот во Милано, се заразени со новиот коронавирус. Ломбардија до 26 март имаше речиси 5.000 смртни случаи, од кои најмногу во Бергамо, град кој во февруари имаше околу 120.000 жители. Сега весниците во Бергамо не можат да најдат доволно простор за некролози. Нема брзо да се знае конечниот список на починати, зашто е голем бројот на критичните болни. Како што се многубројни и другите трауми кои долго ќе останат во колективната меморија.

Биолошка бомба

Можеше ли еден натпревар во Скопје да биде „биолошка бомба? Ризикуваше ли ракометниот клуб Вардар, клубот со две европски круни, на средбата против Монпелје од Лигата на шампионите, што се играше на 29 февруари да ни ја донесе и третата, најнепосакувана круна – короната?

Владата, еден ден пред овој натпревар, препорача спортските натпревари во земјава да се играат без публика, зашто на 26 февруари беше регистриран првиот случај на заразена со коронавирус во Македонија. Клубот не послуша, зашто „периодот за промена бил краток, средбата била меѓународна и одамна закажана (!?), а и екипата на Монпелје веќе била пристигната во Скопје,“ како што објави во своето соопштение на официјалната веб-страница.

Во Италија, на 19 февруари не ни знаеле дека коронавирусот е навлезен во земјата. Немаше препорака од владата за претпазливост. Десет дена подоцна, Вардар знаеше, па сепак ризикуваше од преполнетата сала со повеќе од 4.000 гледачи да направи т.н. кластер од кој ќе тргне несопирливата лавина на ковид-19.

Со страв чекав да помине периодот на инкубација (некои велат и 25 до 27 дена) оттогаш. Поминаа четири недели. Може да здивнеме. Не сакам ни да помислам што ќе се случуваше денес ако меѓу присутните на трибините во салата „Јане Сандански“ имаше макар и еден заразен.

Точно е дека во тој период цела Европа не ни помислуваше на карантин, па ниту Европската ракометна федерација (ЕХФ) не ги одложуваше закажаните средби. И не само ракометната, туку и другите меѓународните спортски федерации. Најголемиот дел од европските влади денес се на удар на критиките затоа што порано не презеле поригорозни превентивни мерки. Не беше одложен ни реванш-мечот Валенсија – Аталанта, кој се играше во Шпанија пред празни трибини. Подоцна се покажа дека една третина од играчите на шпанскиот клуб се заразени.

Пред средбата Вардар – Монпелје, во ТВ-анкетата со гледачите на тема – дали се плашат од вирусот – навивач(к)и на Вардар од Бугарија изјавија дека ниту стравот од коронавирусот нема да ги спречи да го бодрат нивниот омилен Вардар. Во тоа време во Бугарија немаше регистрирано заболени ниту заразени. Само десетина дена подоцна, нашинци што беа на зимување во Банско, имаа рок од 24 часа за да ја напуштат Бугарија, а зимскиот центар беше ставен во карантин.

Не е важно само да се учествува

Организаторот на Олимписките игри во Токио, по вложените 10 милијарди долари за организација на спортскиот самит, ќе мора да потроши дополнителни 2,7 милијарди долари поради одлуката на Интернационалниот олимписки комитет Игрите, сепак, да се одржат наредната година. Јапонците не се најсреќни што ИОК попушти под притисокот на земјите кои не сакаа да испратат свои спортисти ова лето. Зашто, не е важно само да се учествува, по секоја цена. Има и други, поважни работи. Здравјето!

Јапониците се нервозни повторно поради изгубените пари, и покрај нагло променетото глобално размислување. И Вардар е цела сезона во финансиска криза. Не му беше лесно да се откаже од приходот на натпреварот. Ветер во грб му беше фактот што тогаш цела Европа не ја сфати сериозно опасноста. УЕФА дури на 13 март прогласи мораториум во најквалитетното клупско натпреварување.

Да ѝ забранеше пристап на најверната ракометна публика, раководството на црвено-црните сигурно ќе беше изложено на критика од сите оние кои во тие моменти опасноста не ја сфаќаа сериозно. И тоа влијаело врз нивната одлука. Згора, клубот се спасуваше и од низа дополнителни организациски компликации.

Мислеше дека е така поедноставно, но се коцкаше. Со илјадници човечки судбини.

The post Вардар можеше да ни ја донесе најнепосакуваната круна – короната! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....