-1.2 C
Скопје
03:20 - 19 декември, 2024

Вакцината против Ковид-19 во Македонија нема да биде задолжителна

Оксфордската вакцина против Ковид-19 што ќе дојде во земјава со посредство на Полска, нема да биде задолжителна а најнапред ќе ја примат ризичните групи од населението, како хронично болните и возрасните тврди за „Слободен печат” директорот на Центарот за јавно здравје Скопје и член на Комисијата за заразни болести, професор доктор Александар Стојанов.

– Не може вакцината против Ковид да биде задолжителна. Има задолжителни вакцини по календар, за лица до 18 години, но понатаму другите што се примаат како на пример за тифус, грип, жолта треска, не се. Никого не можеме да го натераме да ја прими. Идејата беше вакцинацијата да се одвива на секои шест месеци, но уште ова не е официјализирано, бидејќи не знаеме колку време ќе штити. Можам само да кажам, дека како за сите, така и за нас, на колку време ќе се вакцинираат во другите земји, тој модус ќе го следиме и ние. Според препораките на Светската здравствена организација, секоја земја треба да добие дози за 20 проценти од населението, што за наши услови би било околу 400.000 вакцини. Дали ќе дојдат толку, ќе видиме – ни рече Стојанов.

Тој додаде дека имунитетот нема да се создаде веднаш и најверојатно ќе мора населението да се ревакцинира на одреден период. Ваквото тврдење произлегува и од реномираното медицинско списание Лансет кое објавува дека кај учесниците во клиничката студија за тестирање на ефектите од оксфордската вакцина, оние 10 лица што примиле две дози од неа, имале најдобар и стопроцентен имун одговор. Запрашан за личен став дали ќе има отпор кај граѓаните да се вакцинираат, Стојанов изрази скептичност.

– Скептичен сум. Ќе има луѓе што ќе сакаат, но ќе има и такви што нема да сакаат да се вакцинираат. За се е така. Минатата година имавме 5.000 дози вакцини за сезонски грип наменети за здравствени работници, а потрошивме 1300 – вели Стојанов.

Оксфордската вакцина што ќе ја произведува фармацевтскиот гигант „Астра Зенека”, моментно е во третата фаза од клиничкото испитување. Според извештајот од досегашните познати резултати, објавен на Лансет вчера, јасно е посочено, дека оние што ќе примат две дози во временска разлика од 28 дена, имаат стопроцентен имун одговор и имаат повеќе антитела. Кај некои луѓе што ја примиле во фаза на клиничко тестирање, вакцината предизвикала да имаат температура, болки во мускулите, главоболка, па затоа пред вакцинација им се давал парацетамол кој ги елиминирал овие симптоми. Но, додава Лансет, нема сериозни несакани последици од вакцината.

Во Македонија Оксфордската вакцина ќе се набави преку два механизми, и преку Ковакс механизмот но и преку партнерство и помош од Полска, која како членка на Европската Унија има право да склучи билатерален договор со компанијата производител „Астра зенека”. Бидејќи Македонија уште не е членка на ЕУ, таа нема право да склучи ваков договор, меѓутоа, амбасадорот на Полска во земјава доставил понуда што Комисијата за заразни болести ја прифати, да набави вакцини и за нас.

Министерот за здравство, доктор Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат” минатата недела посочи дека финална е одлуката, да се обезбеди државен буџет и вакцинацијата за населението да биде бесплатна.

The post Вакцината против Ковид-19 во Македонија нема да биде задолжителна appeared first on Слободен печат.


Вакцината против Ковид-19 во Македонија нема да биде задолжителна was first posted on август 23, 2020 at 10:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....