-3.2 C
Скопје
03:33 - 23 декември, 2024

Уште една загубена „Битка на Неретва“?

Како што се гледа и од последниот пример со изгласувањето на новата косовска влада, американскиот фактор на Балканот е сè уште решавачки елемент за „пробивање“ на повеќето „затнати цевки“ во регионалните политички „канализации“: новата влада во Приштина стана возможна откако таму минатата недела престојуваше специјалниот пратеник на Трамп за Косово (и Србија), амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел. Не долго по таа посета, локалните претенденти за формирање на владата, кои со месеци беа заглавени во непродуктивните коалициски надмудрувања, за еден викенд „ги надминаа разликите“ и, експресно, понеделнички ја изгласаа новата извршна власт на Косово.

А сè се чини дека ќе се лета и со новата авиолинија помеѓу Приштина и Белград.

Со сличен ефект, се добива впечаток ќе биде и „будењето“ на овдешната американска амбасада во спорот за законот за Јавно обвинителство. Од некои нејасни причини, американските дипломати веруваа во можноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати инсистирањето и од меѓународната заедница, обвинителските процеси од СЈО да се пренесат и во новото Обвинителство.

Американците, откако со месеци „играа“ на картата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за заеднички предлог на законот што би го изгласале во Собранието, од пред десетина дена како да сфатија дека таквата нивна наивност може да има висока политичка цена по здравјето на овдешната кревко реставрирана демократија. На неколку месеци пред изборите.

Кога им помина фазата на губење драгоцено време – ни прв ни последен пат, бидејќи и во минатото Американците многупати наседнувале на манипулациите и лажните ветувања на овдешните политички дејци, најчесто од нашата националистичка опозиција – гледаме дека амбасадорката Кејт Брнс се пушти „во сообраќај“ и почна да дели „насмевки“ во различни широчини и со флексибилно „меѓузабно“ растојание на разноразни средби.

Знаете, Американците во дипломатијата и во заштитата на своите национални интереси (!) ви се како мечиња: можат да бидат допадливи како невини панди, а и опасни „по живот“ како раздразнети гризли, зависно од тоа колку време (ваше, изгубено време) мислите дека можете да ги заебавате…

Елем, последната дружба на американската амбасадорка во Скопје е онаа со групата независни пратеници (избрканите од ВМРО-ДПМНЕ), со кои Брнс, нè информираше на Твитер, имала „продуктивна средба“ на која разговарале „за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за Јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење“.

Ете ја, во една реченица, опишана разрешницата на судбината на тој закон во собраниската постапка, веројатно веќе во наредните десетина дена.

Како што изгледа, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно на губитничката страна и во оваа драматична „Битка на Неретва“ во напорот да се оневозможи заздравувањето на „тешко ранетата“ правна држава во Македонија. Со слоганот „Преку вода до слобода!“, сегашнава власт веројатно ќе успее да ја пренесе „носилката“ на нашиве правосудни „тифусари“ до „слободната територија“ на долгоочекуваната правна рехабилитација.

А потоа ќе дојдат изборите на кои гласачите ќе одлучат дали ќе обновуваме или ќе реставрираме. Е, таа битка ќе биде судбинска за среднорочната иднина на Македонија.

Среќно, јунаци!

The post Уште една загубена „Битка на Неретва“? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....