6.8 C
Скопје
17:07 - 18 декември, 2024

„Умрел од страв од умирачка“!

Кога си помлад едвај со едно уво слушаш кога постарите говорат за умирачка. А тие знаете како зборуваат: „Слушна ли умрел комшијата“, вели една постара госпоѓа. „Аууу навистина, од што умрел“, прашува другата.
Одговорите се секогаш исти, иако звучат различно. На крај некој на шега ќе одговори „ умрел од смрт“!
Па сепак во моето сеќавање како најоригинален, но и најсуштествен одговор за причината за смртта на еден наш сосед и сограѓанин беше на неговиот пријател кој рече: „Тој умре од страв -дека ќе умре“!
Целата оваа неизвесност со корона вирусот многу ме потсетува на таа ситуација. Целата јавност сме во состојба на колективно броење на умрени. И бидејќи сме мала земја, сите знаат за кого станува збор и буквално уште имињата фали да им ги кажуваат на луѓето.
Она што сакам да кажам е дека тоа создава психоза кај оние што седат дома и слушаат. Било да се веќе заболени или се здрави. Како да чекате да ви дојде редот.
Упатствата на здравственните власти колку да сакаа да бидат избалансирани, да не се крева паника, но од друга страна и да поттикнат сериозно да се сфати ситуацијата,  прес конференциите на министерот на кои се прашува се и сешто, се претворија во сеење страв од болеста и од симптомите за кои еднаш велат дека се слични како кај грипот, настинката и воспаление на белите дробови, а друг пат дека всушност и не се.
Оттаму секој кој чуствува болка го грлото или во градите или пак поткашлува, добива незапирлива желба да се тестира и да се провери -и заради себе и заради своите најблиски.
Но, според актуелниот протокол тоа не е можно. Мора да се јавите кај матичниот лекар, да му ги кажете сипмптомите, па тој да одлучи дали ви треба тест или не.
Но стравот не чека, си го прави своето. Затоа и огормен број граѓани просто се „натерани“ да одат во Систина и да „лупнат“ 20 евра само да си ги смират мислите.
Тоа создава нов проблем. Според упатството на здравствените власти, по спроведувањето на тие тестови, вие треба да направите тест и во центрите на Јавното здравство. Со други зборови -дупла работа. Ако само во еден ден во Систина се тестирале над 300 граѓани, сите тие без разлика на резултатите, ќе треба да се тестираат одново.
Дајте гоподине министре најдете единствено решение. Или усогласете ги системите, или забранете ги оние другите, или оставете слободно на вољата на граѓаните нека си прават тестови за свои пари каде сакаат, но не ги обврзувајте да се ре-тестираат.

Со вакви различни толкувања на резултатите само конфузија се прави во јавноста, а граѓаните се принудени да се прават експерти за нешто што не го разбираат, па сега сите учат што е тоа IgG негативен, или IgM позитивен…
Инаку се плашам дека со ваква динамика и опсег на граѓани за тестирање ќе попаѓаат здравствените работници, а сознанијата ќе бидат дека луѓето умираат и од друго, а не само од корона вирус.
Не само живите сега „пост мортем“ ги тестираме и умрените. А колку до вчера едвај некој медиум ќе објавеше дека годинава пред да дојде корона вирусот тројца починале од сезонски грип, а лекарите не уверуваа дека е тоа нормално.
Сега тоа истото стана ненормално. Ќе потсетам, лани ова време имало осум или девет починати од сезонски грип, и никој не направи драма од тоа. Умираат луѓе секој ден од нешто. Зарем да почнеме, а како да почнуваме, и нив да ги броиме.
Кога си млад од ништо не се плашиш, но кога си постар, секогаш е страшно кога се говори за умирачка. Се плашиш за себе, за блиските…Стравот е иреален, зашто од тоа нема бегање, но човечки е да се плашиш.
Дајте да не се доведеме во ситуација како она на почетокот на овој текст:
„Умре од страв…“

The post „Умрел од страв од умирачка“! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....