10.8 C
Скопје
13:49 - 25 ноември, 2024

Учениците да ги следат препораките од комисијата, епидемиолошката состојба е сериозна

Министерството за здравство апелира училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата.
Препораките на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на почетокот на наставно-образовниот процес во оваа учебна година се темелат на анализи на актуелната епидемиолошка состојба и проекциите за можно влошување на состојбата со почетокот на есента.
-Најавите за бојкот на онлајн наставата и непочитување на протоколите е недозволиво и го отежнуваат целокупниот процес на справување со корона кризата. Сите одлуки кои ги носи комисијата се интерес на заштита на здравјето на учениците, наставниците и родителите. Доследното почитување на мерките и протоколите во сите сфери, вклучително и образованието, може да придонесе состојбата со епидемијата што поскоро да се стабилизира- наведуваат од Министерството за здравство.
Стабилна епидемиолошка состојба, велат оттаму, ќе овозможи да се зголеми бројката на деца кои би ја следеле наставата со физичко присуство. Оттаму апелираат на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни.

The post Учениците да ги следат препораките од комисијата, епидемиолошката состојба е сериозна appeared first on Слободен печат.


Учениците да ги следат препораките од комисијата, епидемиолошката состојба е сериозна was first posted on октомври 3, 2020 at 9:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....