23.8 C
Скопје
12:33 - 18 мај, 2024

Уапсено 17-годишно момче за две убиства на протестите во Кеноша (ВИДЕО)

Момче на возраст од 17-години е уапсенo во средата во врска со убиството на две лица на протестите во американскиот град Кеноша, каде после пукањето на полицијата во Афроамериканец настана опасен „коктел“ и од бунтовници и од вооружени групи за самоодбрана.

Претседателот Доналд Трамп, во кампањата за претседателски избори, остана доследен на својот цврст став велејќи дека испраќа засилување во тој град на северот од САД, каде полицијата во неделата тешко го рани Џејкоб Блејк, 29-годишен Афроамериканец, со седум куршуми во грбот.

По објавувањето на снимката од тој настан се нижат протести на кои се повеќе се бара правда и приведување на полицајците кои засега се само привремено ослободени од должност. Ноќните стражи неретко прераснуваа во насилство, при што некои од демонстрантите се судираа со полицијата.

И покрај воведувањето на полициски час, распоредувањето на 250 војници од Националната гарда и повиците од семејството на Џејкоб Блејк да се смири состојбата, работата ноќта од вторникот кон средата се влоши.

Во крајно напната ситуација две лица се убиени со истрели од огнено оружје, а едно лице е рането малку пред полноќ во уште неразјаснети околности.

Седумнаесетгодишно момче чека покренување обвинение

Момче на возраст од 17 години, жител на соседното село Антиоча, на 30-тина километри од Кеноша, е осомничено за тие две убиства и е во притвор до подигнувањето на обвинението, рече месната полиција не наведувајќи други детали.

Локалните медиуми тврдат дека е виден во друштво со вооружени лица кои се претставувале како „милиција“ и „групи за самоодбрана“ кои го штитат градот. Шерифот на округот Дејвид Бет потврди дека тие се присутни во тој сектор, но не рече дека осомничениот припаѓа на тие групи.

На снимките објавени на интернет момче, белец, во раката има јуришна пушка. На една од снимките се чини дека бега додека друго момче паѓа погодено од куршум во глава.

На втората снимка го гони групата, тој паѓа и се врти со оружје во рака. Во тој момент се слушаат истрели.

The post Уапсено 17-годишно момче за две убиства на протестите во Кеноша (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Уапсено 17-годишно момче за две убиства на протестите во Кеноша (ВИДЕО) was first posted on август 27, 2020 at 10:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....