Социјалната мрежа Твитер ја блокираше видео објавата на профилот на изборниот штаб на претседателот на САД, Доналд Трамп, во која тој му оддава почит на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој брутално беше убиен од полицаец во Минеаполис, со образложение дека во компанијата била доставена тужба за прекршување на авторски права, пренесува Ројтерс.
Во објавата на Твитер профилот на изборниот штаб на Трамп имало снимка во комбинација со фотографии, а претседателот ги коментирал фотографиите и полициското убиство во Минеаполис.
Во образложението на Твитер се наведува дека видеото кое го објавил американскиот претседател се коси со политиката за заштита на авторските права на компанијата.
This X 1000!!! https://t.co/aEiH5ZEIUx
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) June 4, 2020
„Ние одговоривме на оправданите поплаки од сопствениците на авторските права или нивните овластени претставници за прекршување на истите“, се наведува во соопштението на Твитер.
The post ТВИТЕР ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА: Социјалната мрежа ја блокираше снимката на Трамп за убиениот Флојд appeared first on Слободен печат.
ТВИТЕР ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА: Социјалната мрежа ја блокираше снимката на Трамп за убиениот Флојд was first posted on јуни 5, 2020 at 11:27 am.