2.8 C
Скопје
19:08 - 23 декември, 2024

Цути онлајн трговијата, ама цути и сивата економија

Македонските граѓани стекнуваат сѐ поголема доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а тоа е евидентно од растот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, особено кон домашни е-продавници. Голем дел од трансакциите што во претходниот период се одлеваа онлајн во странство, годинава се пренасочија кон домашните е-продавници. Сега онлајн може буквално сѐ да се купи, но се отвораат некои „сиви зони“, кои треба што е можно побрзо да се елиминираат. Граѓаните се согласуваат со најавите за поголема контрола од Управата за јавни приходи, бидејќи треба да се воведе ред и да се знае дали зад тие трговци, стојат вистински продавници, кои ќе испорачаат квалитетен производ.

– Кога купувате во продавница, имате можност да го видите, да го пробате и да го допрете производот, а интернет-продажбата тоа не го овозможува. Во продавниците добивате фискална сметка, која ви служи како доказ, ако сакате да ја вратите или да ја замените стоката, а тоа е невозможно на интернет – велат граѓани, кои сѐ уште се скептични кон новиот начин на шопинг.

Во првата половина од годинава, граѓаните со домашни платежни картички потрошиле 69,4 милиони евра кон македонски компании што продаваат онлајн во земјава, што споредено со истиот период лани е раст од 113,5 проценти, покажуваат податоците на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

– Овие бројки и податоци се само од регистрираните е-продавници и веруваме дека ќе беа уште поголеми доколку не постоеше и сивата економија во онлајн трговијата. Во изминатиов период високо на агендата на владините институции се постави и проблемот за намалување на сивата економија. Ние како Асоцијација често имаме средби со сите надлежни институции на кои разговараме за оваа проблематика, составена е работна група и изготвен е акциски план за делување во борбата против сивата економија. Веруваме дека со спроведување на мерките, голем дел од оваа сива зона ќе се намали. Сепак, секој потрошувач кога купува на интернет, задолжително треба да си ги знае своите права. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија неодамна изработи интерактивни прирачници, на кои потрошувачите може да се запознаат со нивните права при онлајн купување. Дополнително, потрошувачите кога купуваат од легални е-продавници, имаат право на рефундација на средствата доколку не се задоволни од продуктот што онлајн го купиле – вели за „Слободен печат“ Виктор Стојкоски, генерален секретар на АЕТМ.

Бадијала поплаки без фискална сметка

Карантините го зголемија купувањето преку интернет. Храна, облека, спортска опрема, душеци – фрчеа во комбиња низ државава. Но, Организацијата на потрошувачите открива дека во првата половина од годината, 11 проценти од поплаките на граѓаните се однесувале на интернет-купувањето, или поконкретно на нелегалната фејсбук-продажба и на продажбата преку другите социјални медиуми.

– Потрошувачите беа најчесто измамени преку испорачување на производи со поинакви карактеристики од нарачаните, но и на оштетени производи. Граѓаните се жалат дека добивале производ само со испратница, а без фискална сметка, што значи дека потоа не можат да го вратат или да го заменат неисправниот производ или производот со несоодветна големина – откриваат од ОПМ.

Регистрирани 1.078 виртуелни продавници

Според податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб-страници за е-трговија), заклучно со крајот на март, во Македонија активни се 1.078 продажни места. Станува збор за активно регистрирани виртуелни продажни места, кои се пријавени од петте банки што во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги. За период од првите три месеци од 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 58 новоотворени, при што само во март се отвориле 42 нови е-продавници.

The post Цути онлајн трговијата, ама цути и сивата економија appeared first on Слободен печат.


Цути онлајн трговијата, ама цути и сивата економија was first posted on октомври 7, 2020 at 8:06 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....