01:51 - 14 јули, 2026

Црна Гора: Уапсени двајца уредници поради предизвикување паника и ширење на лажни вести

Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба” и „ИН4С” под сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири.

Тие се товарат дека вчера предизвикале паника во јавноста објавувајќи лажни вести со случувањата во „Вила Горица” во Подгорица без да ги проверат информациите.

„Вилата Горица” во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата. Во вилата вчера попладне се запали разводна кутија, но дефектот брзо беше саниран.

„Борба” и „ИН4С” објавија дека во „Вила Горица” се случила експлозија и оти на лице место се упатени противпожарна екипа и полиција.

The post Црна Гора: Уапсени двајца уредници поради предизвикување паника и ширење на лажни вести appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....