3.8 C
Скопје
13:55 - 24 декември, 2024

Цивил: Борбата против лажните вести и говорот на омраза продолжува и по изборите (ФОТО)

Денеска во просториите на редакцијата на „Слободен печат“ невладината организација Цивил одржа тематски брифинг за новинарите, на кој се зборуваше за борбата против лажните вести и говорот на омраза во период по завршувањето на предвремените парламентарни избори во земјава кои се одржаа на 15 јули.

Во текот на денешниот настан свое обраќање имаше и основачот и раководител на Цивил Медиа, Џабир Дерала, како и Дехран Муратов и Билјана Јордановска.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Главна тема на дискусијата беше борбата против лажните вести и дезинформациите кои се шират на социјалните мрежи, како и чекорите кои оваа организација ги презема во врска со тоа, а како основни проблеми со кои се соочуваат се посочени неколку точки, како злоупотреба на моќ, лажни вести и дезинформации, говор на омраза, пропаганда, странско влијание и сајбер војна во време на избори.

Токму Цивил Медиа како акредитиран набљудувач го следеше и овој изборен процес, а како што истакна и Џабир Дерала, изборите за оваа организација всушност се уште не се завршени.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Како акредитирани набљудувачи на изборите, за нас тие завршуваат најмалку шест недели по изборниот ден. Наша задача е да ги анализираме сите извештаи кои стигнуваат во текот на изборниот процес, вклучувајќи го и периодот од предизборната кампања.  На самиот ден на изборите имавме рекордна ниска бројка на пријави, што е добар знак, но тоа сепак е трицифрена бројка од 430 пријави – истакна Џабир Дерала.

Од она што можевме да го слушнеме во врска со борбата против лажните вести е дека токму по иницијатива на Цивил, веќе неколку Фејсбук страници кои ширеле дезинформации за изборите, се  блокирани или избришани.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Покрај константната борба против шиењето на неточни информации и дезинформации, членовите на Цивил го истакнаа значењето на почитувањето на Европските вредности, како и иницијативата за создавање на „Зелено движење на Македонија“, како движење кое би функционирало на начин на кој тоа треба да изгледа според сите европски рамки и стандарди.

 

The post Цивил: Борбата против лажните вести и говорот на омраза продолжува и по изборите (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Цивил: Борбата против лажните вести и говорот на омраза продолжува и по изборите (ФОТО) was first posted on август 6, 2020 at 5:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....