3.8 C
Скопје
21:22 - 20 декември, 2024

Трите летни сцени во Градскиот парк ќе ве импресионираат (ФОТО)

Град Скопје соопшти дека Комисијата за оценување ги избрала решенијата за трите летни сцени во Градскиот парк, за кој во мај беше објавен оглас за избор на партерни идејни решенија.

Најдобрите трудови добиваат награда од по 70 илјади денари и за секоја од трите локации Град Скопје ќе склучи договори со избраните автори.

Локација 1

Станува збор за локација која се наоѓа во првиот дел на паркот, во непосредна близина на езерцето. Ова решение, велат од Градот, е избрано зошто овозможува долготрајност со минимални трошоци за одржување и минимален физички импакт во езерото со околината

Сцената е поставена во средината на езерцето, а пристапот до неа е преку минимално димензионирана рампа.

-Сцената е замислена како едноставна лебдечка плоча над езерото, со дијаметар од 12 метри и е наменета за изведба на различни културни активности и е поставена на само 20 сантиметри над нивото на водената површина од езерото- велат од Град Скопје.

Локација 2

Сцената е предвидено да се наоѓа спроти Сточарски институт.

КОНОИД – локација 2

-Предложениот идеен архитектонски проект за отворена летна сцена во Градскиот Парк е воден од идејата за трансформабилност и приспособливост на сцената според различни сценарија на користење на овој простор со минимално влијание врз природата – тогаш кога има организирани настани на летната отворена сцена, но и тогаш кога нема организирани настани- велат градските власти.

КОНОИД – локација 2

Гледалиштето за оваа сцена се оформува со преместување на трибините кои, во оној период кога нема организиран настан на сцената, се поставени околу стеблата на поголемите дрвја кои се наоѓаат на локацијата и се користат како клупи.

Капацитетот на гледалиштето на сите трибини со седење е за околу 250 лица. Во однос на хортикултурното уредување, предвидено е целосно зачувување на високото зеленило во постојната состојба.

Локација 3

Третата сцена е предвидена во вториот дел на Градски, во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клунот „Илинден 90“.

КОНУС – локација 3

Предложениот дизајн на сцената претставува една рамка во која како кулиса се појавува еден пресечен конус. Аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Гледалиштето обезбедува сместување на 403 гледачи на седење.

КОНУС – локација 3

-Секој ред е со широчина од 160 см и освен за седење може да се користи за понеформални собири и токму поради тоа не е предвидено поставување столчиња или друга опрема. Практично теренот е вкопан и нивелиран, а употребата на материјали е сведена на минимум, се со цел да се задржи природниот изглед на местото. Просторот е комплетно пристапен за лица со посебни потреби. Сцената е монтажна, комплетно изведена од челична конструкција. Кулисата која е во форма на пресечен конус се предвидува да биде изведена во бакар, а бочните страни на сцената од челична мрежа, обоена во бела боја- наведуваат од Град Скопје.

КОНУС – локација 3

The post Трите летни сцени во Градскиот парк ќе ве импресионираат (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Трите летни сцени во Градскиот парк ќе ве импресионираат (ФОТО) was first posted on јули 8, 2020 at 5:22 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....